30 Јануари, 2025
0.0288

ДЕН ПО СРЕДБАТА СО ХАН: ВМРО ДПМНЕ разочарани од ЕУ што не ја осудува платформата-ставот непроменет!

Објавено во: Македонија 22 Март, 2017

Добивај вести на Viber

Последна на средба со европскиот комесар влезе делегација на ВМРО-ДПМНЕ. Заедно со лидерот на партијата Никола Груевски, на средба со Хан беа и Антонио Милошоски, Илија Димовски, Александар Николоски и Христијан

На средбата која траеше три часа делегацијата на ВМРО-ДПМНЕ многу директно, јасно и прецизно ги претстави своите позиции за моменталната политичка состојба, но и за сите причинители, поттикнувачи и извори на неколкугодишната криза во Република Македонија, која СДСМ ја започна вечерта на изборите на 27-ми април 2014-та кога не ги призна резултатите и одлучи да не учествува во парламентот, соопштуваат од партијата.

ВМРО-ДПМНЕ отворено зборуваше за директното мешање на надворешни фактори во создавањето на кризата, неприфатливата улога и мешање на неколку амбасадори во процесот на формирање на Владата, улогата на СЈО како политичка испостава на СДСМ и на некои надворешни центри за уцени, притисоци, замолкнување и закана кон политичари, новинари и медиуми, политичката измама со пост-изборното презентирање на платформата од Тирана како документ предуслов за составување на Влада, неприфатливоста на вмешувањето на други држави во внатре-политичките процеси во Република Македонија, додаваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата го потенцирале и свесното кочење и одложување на локалните избори од страна на СДСМ, разочараноста што Европската комисија не ја осуди платформата, намерата на одредени центри да се скрши и по можност елиминира ВМРО-ДПМНЕ со цел да се редефинира државата со клучна цел да се промени нејзиното име и идентитет и многу други теми за кои очигледно на претставниците на ЕУ беше добро да им се предочат јасно и без задршки, со прецизни факти, аргументи и информации, и со разјаснување на некои работи за кои беа дезинформирани или лошо разбрани.

Од страна на делагацијата на ВМРО-ДПМНЕ беше посочено дека партијата направи огромен број на сериозни чекори во минатите неколку години со цел да се надмине политичката криза, но и фактот дека таквите чекори и добрата волја беа злоупотребени.

ВМРО-ДПМНЕ останува на позицијата дека на последните избори се случи политичка измама на граѓаните со тоа што платформата од Тирана, поставена како предуслов за формирање на Влада, воопшто не беше претставена пред граѓаните и тие не беа информирани за намерата на некои партии да извршат редефинирање на државата и изигрување на нејзиниот Устав, велат од партијата.

ВМРО-ДПМНЕ го потенцираше фактот дека мнозинството од македонскиот народ не може да биде оставено во опозиција и без право да учествува во раководењето и одлучувањето за иднината на својата држава, при тоа почитувајќи го истото право и на сите други граѓани.

Македонските граѓани се крајно сензибилизирани и револтирани затоа што не само што се крши принципот „победник со победник“, кој меѓународната заедница го наметна, туку јасна е намерата преку тоа кршење, мнозинството Македонци да одат во опозиција за да можат албанските партии заедно со СДСМ како поразена партија поддржана од малцинството од граѓаните и особено од малцинството од Македонците, да го сменат името и идентитетот, и да ја применат Тиранската Платформа со цел редефинирање до непрепознавање на земјата, и дека СЈО е главната алатка за олеснување и спроведување на тој план, чии планер заборавил дека Македонија освен партии и политичари има и народ, и дека ова што се случува е „политичко силување“ на државата и на народот и неговата волја.

Заеднички беше констатирано дека Република Македонија под раководство на ВМРО-ДПМНЕ спровела огромен број на значајни проекти и реформи кои помогнале на граѓаните, но и ја доближиле државата кон Европската унија.

Од страна на ВМРО-ДПМНЕ беше предочено дека одговорност за понатамошниот развој на состојбата носат сите политички чинители, вклучувајќи ги претставниците на меѓународната заедница. Многу избрзани и непромислени чекори и изјави од било кој фактор создаваат и можат да создадат сериозни тензии во целокупното општество.

ВМРО-ДПМНЕ посочи дека предвремени избори секако ќе има, но колку побрзо се одржат тие, толку подобро за Република Македонија. Потребно е да се искористи можноста тие избори да се одржат заедно со локалните избори, во најбрз можен рок, со цел ставање конечен крај на долгогодишната криза, која во овие денешни околности очигледно не е во можност да заврши.

На средбата беа опфатени и други теми како опасностите од повторување на мигрантската криза, проблемите, перспективите и потребите на целиот регион за побрза интеграција во ЕУ, заклучуваат од партијата.

Можеби ќе ве интересира

ГОЛЕМА ТРАГЕДИЈА СЕ СЛУЧИ НОЌЕСКА ВО СКОПЈЕ - во сообраќајна несреќа настрада девојка

ГОЛЕМА ТРАГЕДИЈА СЕ СЛУЧИ НОЌЕСКА ВО СКОПЈЕ - во сообраќајна несреќа настрада девојка

ПРОНАЈДЕНО ИЗГУБЕНО ЛИЦЕ НА СКОПСКА ЦРНА ГОРА - странски државјанин спасен откако пријавил во Германската служба за помош на пат

ПРОНАЈДЕНО ИЗГУБЕНО ЛИЦЕ НА СКОПСКА ЦРНА ГОРА - странски државјанин спасен откако пријавил во Германската служба за помош на пат

„ГРАД СКОПЈЕ РАСПОЛАГА СО ДРОН ЗА СЛЕДЕЊЕ ДИВИ ДЕПОНИИ И ПОЖАРИ“: поранешниот советник Мухамеди тврди 'на градоначалничката не и беше интересно'

„ГРАД СКОПЈЕ РАСПОЛАГА СО ДРОН ЗА СЛЕДЕЊЕ ДИВИ ДЕПОНИИ И ПОЖАРИ“: поранешниот советник Мухамеди тврди 'на градоначалничката не и беше интересно'

СЕ СЛАВЕШЕ ВО ДОМОТ НА АНТОНИО МИЛОШОСКИ - пратеникот сподели фотографија од целото семејство

СЕ СЛАВЕШЕ ВО ДОМОТ НА АНТОНИО МИЛОШОСКИ - пратеникот сподели фотографија од целото семејство

БЛАЖЕВСКИ, ЦВЕТКОВИЌ И ЃУРЧЕВСКИ СЕ ИДНИТЕ АМБАСАДОРИ - еве кои се места ќе бидат променети

БЛАЖЕВСКИ, ЦВЕТКОВИЌ И ЃУРЧЕВСКИ СЕ ИДНИТЕ АМБАСАДОРИ - еве кои се места ќе бидат променети

„АРАМ ДА ВИ Е СЕКОЈ ДЕНАР МИТО ЗЕМЕН ОД ПАЦИЕНТ“: Доктор Лазаров со жестока критика кон колегите

„АРАМ ДА ВИ Е СЕКОЈ ДЕНАР МИТО ЗЕМЕН ОД ПАЦИЕНТ“: Доктор Лазаров со жестока критика кон колегите

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Хирург од битолската болница фатен со 150 евра што ги земал како поткуп

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Хирург од битолската болница фатен со 150 евра што ги земал како поткуп

ОТРОВНО РАСТЕНИЕ Е ПРИСУТНО ВО ТИКВЕШИЈАТА: Moже да биде фатално за добитокот

ОТРОВНО РАСТЕНИЕ Е ПРИСУТНО ВО ТИКВЕШИЈАТА: Moже да биде фатално за добитокот

СТАВРЕСКИ, ВЕЉАНОСКИ, ПЕШЕВСКИ: Kои се советниците на Мицкоски?

СТАВРЕСКИ, ВЕЉАНОСКИ, ПЕШЕВСКИ: Kои се советниците на Мицкоски?