05 Декември, 2025
0.0326

ЕЛЕМ и Балкан Енерџи во конкуренција за топланите, Топлификација само дистрибутер?

Објавено во: Економија 17 Декември, 2012 10:53

Добивај вести на Viber

Денес Регулаторната комисија за енергетика  треба да ги објави имињата на компаниите кои конкурирале за производство, дистрибуција и снабдување со топлинска енергија. Минатата недела Фактор неофицијално објави дека за сите три услуги се има пријавено ЕЛЕМ, чија компанија ќерка „ЕЛЕМ-Енергетика“ веќе снабдува со топлинска енергија околу 2.200 станови во Скопје. Во конкуренција е за производство на топлинска енергија е и  руската компанија „Балкан Енергџи Груп“, која е мнозински сопственик на новата топлана ТЕ-ТО, а минатата недела, исто така, и „Топлификација“ извести дека не се откажува и се пријавила , но само за дистрибуција на топлинска енергија, додавајќи дека не ги исполнува условите да конкурира и за производство заради недостиг на капитал. Огласот на РКЕ доаѓа откако „Топлификација“ ги врати лиценците за производство, дистрибуција и снабдување со топлинска енергија, тврдејќи дека не може да ги врши овие услуги со оглед на тоа што РКЕ не дозволува повисоки цени на парното во согласност со трошоците што компанијата ги има за купување на енергенсите – природниот гас и мазутот. „Топлификација“ за ова поднесе и тужба против РКЕ, како што тоа го направи и пред 5 години, но тогаш го изгуби спорот.  

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Цени во најсеверната продавница во светот, поевтино е од САД

Цени во најсеверната продавница во светот, поевтино е од САД

Хрвати се иселиле во Полска, тврдат дека земјата е драстично подобра од Хрватска

Хрвати се иселиле во Полска, тврдат дека земјата е драстично подобра од Хрватска

Обидот за увоз на берачи од Бангладеш и Пакистан не успеа во соседството

Обидот за увоз на берачи од Бангладеш и Пакистан не успеа во соседството

Koja eвропска земја има најмногу милијардери?

Koja eвропска земја има најмногу милијардери?

БДП СЕ ЗГОЛЕМИ ЗА 3.8 ОТСТО: Кои сектори се со најголем раст?

БДП СЕ ЗГОЛЕМИ ЗА 3.8 ОТСТО: Кои сектори се со најголем раст?

Среброто привлекува сè поголемо внимание од купувачите, eве зошто...

Среброто привлекува сè поголемо внимание од купувачите, eве зошто...

Димитриеска-Кочоска: Немам информација дека доцни породилното

Димитриеска-Кочоска: Немам информација дека доцни породилното

Угостител од Чаир стана директор на „Номагас“

Угостител од Чаир стана директор на „Номагас“

ПРЕДНОВОГОДИШНО РИПНАЛЕ ЦЕНИТЕ НА УГОСТИТЕЛСКИТЕ УСЛУГИ: Еве што покажува статистиката

ПРЕДНОВОГОДИШНО РИПНАЛЕ ЦЕНИТЕ НА УГОСТИТЕЛСКИТЕ УСЛУГИ: Еве што покажува статистиката