22 Ноември, 2024
0.0284

Денес терминот пушач подразбира нешто поразлично од некогаш

Објавено во: Свет 27 Мај, 2021

Добивај вести на Viber

Пазарот на тутун драстично се промени со воведувањето на нови уреди кои содржат никотин. Реномираната американска Агенција за храна и лекови (FDA) неодамна спроведе квалитативно истражување  на 48 фокус групи со возрасни пушачи за да ги утврди нивните ставови и верувања во врска со цигарите и другите производи од тутун. Наодите од фокус групите потенцираат дека откажувањето од цигари и понатаму е тешко за пушачите. Пушачите честопати се движат низ повеќе бариери за откажување од цигарите, меѓу кои стресните ситуации и околина во која се наоѓаат, нивните согледани придобивки од пушењето и постојаните погрешни перцепции за никотин и зависност. Ова истражување беше презентирано од Кетлин Крозби Директор при Центарот за производи од тутун, Канцеларија за здравствена комуникација и едукација, американска Агенција за храна и лекови на овогодинешното издание на виртуелниот Самит за е-цигари во САД.

„Она што го откривме е дека пазарот е динамично поместен за само пет години од последниот пат кога вршевме истражување. Поместувањето на „тутунскиот пејзаж“ драматично влијаеше врз перцепциите на пушачите и нивното однесување при откажувањето од цигари какона пример откажувањето дури и да значи откажување, тоа е целосно редефинирано“, објасни Крозби.

Откритијата од истражувањето се покажале како многу комплицирани, меѓусебно поврзани и испреплетени и покажуваат каков предизвик е луѓето да се откажат. Било да станува збор за откажување од цигари, заменување различен вид никотин или оставање на никотинот целосно, сето ова станува многу комплицирано и уште потешко кога се разгледува од гледната точка на пораки кои се испраќаат до пушачите. Кетлин смета дека идните напори за пушачите да се откажат треба да продолжат - навистина да се обидуваат да ја истакнат важноста на прекинот на пушењето и да ги едуцираат за придобивките, но прво треба да бидат решени празнините на погрешните перцепции не само за никотинот, туку сега и за штетите и зависноста кои се толку сложено испреплетени.

„Се надевам дека на целосно регулиран пазар ќе биде овозможено поконзистентно испраќање пораки за производи за кои се смета дека се соодветни за заштита на јавното здравје. Oд моја перспектива, кога станува збор за едуцирање на јавноста, на целосно регулиран пазар каде што има производи за кои FDA смета дека се соодветни за заштита на јавното здравје, каде што има производи што им е дозволено да изнесуваат тврдења за модифициран ризик, мислам дека тие видови на можности ќе помогнат да им се разјасни на потрошувачите дека тие навистина можат да ги остават цигарите зад себе и да најдат производи што би можеле да претставуваат помал ризик за нив. FDA и Канцеларијата за едукација за здравствена комуникација каде што сум јас остануваат посветени на создавање пораки насочени кон пушачите кои ќе им помогне да ја пронајдат „излез“ од цигарите“ – заклучи таа.

Од друга страна пак, покрај тоа што е познато дека откажувањето од пушењето останува екстремно тешко, сѐ уште се води огромна борба помеѓу спротивставените страни: традиционалната контрола на тутунот и заедницата која ги брани ставовите за намалување на штети од тутун.

„Неуспехот да се стави крај на војната и да се врати довербата во науката ризикува милиони дополнителни предвремени смртни случаи поврзани со пушење, кои инаку би можеле да бидат спречени. За жал, веќе има колатералната штета изразена преку преваленцата на пушењето која е веројатно поголема од што можеше да биде доколку нашите политики и комуникации во САД и некои други земји презедоа поинаква насока, не земајќи ги предвид  ефектите на пандемијата врз однесувањето на потрошувачите. Додека меѓусебниот конфликт вклучува уништување меѓу борците за контрола на тутунот и борбите за намалување на штети, колатералната штета на невини лица, вклучително и милиони возрасните пушачи, се далеку поголеми, што е морално, суштински неприфатлив исход“ – изјави Клиф Даглас директор на мрежата за истражување не тутун и вонреден професор при одделението за здравство и политика на своето излагање како дел од самитот.

Тој смета дека бројни примери на поткопување на науката и научниците кои стојат зад науката, се закануваат да ја попречат целта за понатамошен развој и ширење на веродостојни докази и здружување на најголемите засегнати страни за помирување и истите да се приклучат на заедничката кауза во овој витален потфат. Заштита на младите и поддршка на возрасните може и мора да се постигне истовремено. Според него, исто така мора да се слушнат молбите на потрошувачите, многумина од кои се припадници на маргинализираните заедници, поранешни пушачи кои се откажале од најштетните, согорливи цигари со помош на алтернативни производи што содржат никотин, чии гласови биле погрешно игнорирани, отфрлани со недоверба и премногу често се исклучувани и обележани како служење на интересите на „тутунската индустрија“.

„Контролата на тутунот и концептот за намалување на штетите од тутун треба да се искористат синергетски во нашата мисија за заштита на јавното здравје и спасувањето на животи“ – заклучи Даглас.

 Како позитивен пример за заедничка употреба на двете спротивставени страни за кои зборуваше Даглас се истакнува Велика Британија.

„Велика Британија се пресели од водечката позиција во потрошувачката на тутун на водечка позиција во контролата на тутунот. Последователното намалување за околу 75 проценти од 1962 година до денес, всушност е вистински доказ за успех. Сепак, пушењето цигари може целосно да се избегне така што присуството на околу 7 милиони пушачи во Велика Британија и фактот дека пушењето е најголемиот извор на предвремена смрт од 1962 година, што може целосно да се избегне, е всушност објективен неуспех на јавна здравствена политика, изјави Ен Мекнил, професор по зависност од тутун на Институтот за психијатрија, психологија и невронаука при Кингс колеџот во Лондон.

Таа во својата презентација на самитот насловена „Можеме ли да имаме истовремен сочувствителен и бестрашен пристап кон ‘вејпингот’?“ презентираше за како Велика Британија зазеде сочувствителен пристап кон вејпингот, вклучително и за групи за кои постои преголема преваленца на пушење, како што се луѓе кои страдаат од проблеми со менталното здравје, злоупотреба на супстанции и оние кои се бездомници. Сепак, овој пристап е исто така базиран на докази, бидејќи се покажа дека електронските цигари се корисни на целокупното ниво на население, особено ако употребата кај младите е ограничена. Како што објаснува Мекнил, со појавата на ‘вејп’ уредите на англискиот пазар, пушачите почнале да преминуваат самостојно, но експертите претпазливо ја прифатиле промената.

„Кога пристигна „вејпингот“ на пазарот, поминавме низ многу аргументи. Истражувањата покажаа дека нема согорување за време на употребата, а дополнителни докази покажаа дека алтернативите се многу помалку штетни уреди. Одлично е што пушачите се префрлија на алтернативни уреди самостојно, без претходно да се консултираат со нас или без да користат замени за зависност од никотин. Значи, ги прифативме, но бевме внимателни и продолживме да ги набљудуваме “, изјави Мекнил. Таа додава дека прекинот на пушењето и употребата на никотин е генерално крајната цел, но дека сегашните пушачи не треба да бидат осудувани.

Додека масовните кампањи пренесени преку масовни медиуми и напорите за едукација на цигари за јавно здравје придонесоа за намалување на стапката на распространетост, останува потребата да се едуцираат пушачите и да се решат очигледно постоечките погрешни перцепции за алтернативите и да им се овозможи поддршка за долгорочен прекин на употреба на цигарите.

„Не секој има волја да се спротивстави на ваквата зависност. Не треба да се осудуваат пушачите и оние кои ќе се решат да преминат на замена на никотин. Да не заборавиме дека многумина од нас кои не пушат, користат кофеин или пијат алкохол, затоа треба да бидеме повеќе разбирливи. Можеме да научиме многу за процесот на одвикнување на луѓето кои користеле наркотични средства и многу од нив се враќаат на лекови кога ќе завршат со овој процес. Тука можеме да направиме паралела со пушачите. Треба да се обединиме и да покажеме поразумен пристап кон пушачите, така што нашата заедничка цел, живот без пушење, е успех на сите нас, вклучително и на пушачите, дури и на оние кои се најзасегнати “, заклучи Мекнил.


* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

ПЛАНИРАЛ НАПАД НА ЊУЈОРШКАТА БЕРЗА: Уапсен e маж во САД

ПЛАНИРАЛ НАПАД НА ЊУЈОРШКАТА БЕРЗА: Уапсен e маж во САД

ЗАЛУЖНИ: Aпсолутно можеме да тврдиме дека Третата светска војна започна

ЗАЛУЖНИ: Aпсолутно можеме да тврдиме дека Третата светска војна започна

ПРЕТСТАВНИК НА БРИТАНСКАТА АРМИЈА: Уште вечерва ќе се бориме против руските колеги ако Путин нападне некоја источноевропска земја

ПРЕТСТАВНИК НА БРИТАНСКАТА АРМИЈА: Уште вечерва ќе се бориме против руските колеги ако Путин нападне некоја источноевропска земја

ДЕТАЛИ ОД МЕМОАРИТЕ НА АНГЕЛА МЕРКЕЛ: Дали нејзината политика кон Русија придонесе за војната во Украина?

ДЕТАЛИ ОД МЕМОАРИТЕ НА АНГЕЛА МЕРКЕЛ: Дали нејзината политика кон Русија придонесе за војната во Украина?

„ПОЛСКА СТАНА ЛЕГИТИМНА МЕТА“: Москва ја предупреди Варшава за новата американска ракетна база во близина на границата со Русија!

„ПОЛСКА СТАНА ЛЕГИТИМНА МЕТА“: Москва ја предупреди Варшава за новата американска ракетна база во близина на границата со Русија!

ОВА Е „ЅВЕРОТ“ СО КОЈ УКРАИНЦИТЕ ЈА НАПАДНАА РУСИЈА: Тежи 1.300 килограми, има домет од 250 километри и може да сруши бункер - Се што треба да знаете за моќната ракета „Storm Shadow“

ОВА Е „ЅВЕРОТ“ СО КОЈ УКРАИНЦИТЕ ЈА НАПАДНАА РУСИЈА: Тежи 1.300 килограми, има домет од 250 километри и може да сруши бункер - Се што треба да знаете за моќната ракета „Storm Shadow“

ОВА Е СТРАШНА СИМУЛАЦИЈА НА АТОМСКАТА ВОЈНА НА АМЕРИКА И РУСИЈА! Што би направил првиот удар, што би останало од Вашингтон и Москва и што е нуклеарна зима (ВИДЕО)

ОВА Е СТРАШНА СИМУЛАЦИЈА НА АТОМСКАТА ВОЈНА НА АМЕРИКА И РУСИЈА! Што би направил првиот удар, што би останало од Вашингтон и Москва и што е нуклеарна зима (ВИДЕО)

„БАЈДЕН ШТОТУКУ ЗАПОЧНА ВОЈНА СО НАЈОПАСНАТА ЗЕМЈА НА СВЕТОТ“: Карлсон распали за претседателот во заминување, стравува од најлошото

„БАЈДЕН ШТОТУКУ ЗАПОЧНА ВОЈНА СО НАЈОПАСНАТА ЗЕМЈА НА СВЕТОТ“: Карлсон распали за претседателот во заминување, стравува од најлошото

КАКО МОСКВА И КИЕВ СТАНАА СМРТНИ НЕПРИЈАТЕЛИ: Најважните настани во модерната историја

КАКО МОСКВА И КИЕВ СТАНАА СМРТНИ НЕПРИЈАТЕЛИ: Најважните настани во модерната историја