Добивај вести на Viber
Денеска денот ќе Ви изгледа пократок за еден час, односно ако се разбудиме во 9 по старо тоа ќе биде 10 часот по ново.
Летното сметање на времето почнува вечерва во 2 часот по полноќ кога со поместување на стрелките еден час нанапред ќе се смета дека е 3 часот по полноќ, информира Бирото за метрологија.
Летното сметање на времето ќе заврши на 27. октомври годинава.
Одлуката за летното сметање на времето веќе е објавена во Службен весник.