Денеска е празникот на лозарите и виното – Св. Трифун
Објавено во: Агробизнис
14 Февруари, 2014 10:00
Добивај вести на Viber
Со закројување на лозовите насади во неколку градови и места низ Македонија денеска се одбележува празникот Св.Трифун, заштитник на лозарите и виното.
Гостин годинава е хрватскиот министер за земјоделство Тихомир Јаковина, кој заедно со неговиот македонски колега, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски по повод Денот на лозарите ќе присуствуваат на традиционалното закројување лозови насади на винаријата „Визба Валандово“-Валандово и на винаријата „Тиквеш“-локалитет Лепово.
Вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески, пак, ќе присуствува на свеченото закројување лози во Неготино.
Македонскиот извоз на вино на странските пазари се зголемува. Според последните податоци на Министерството за земјоделство, во 2013 е регистриран најголем извоз на вино до сега – 885. 331 хектолитри во вредност од 50 милиони евра. Ако се спореди просек за периодот од 2007 до 2012, лани извозот е за 48 % поголем според количина и 24 % според вредност.
Анализите на ресорното министерство покажуваат дека извозот на вино во ЕУ е зголемен за 45 %, а просечната цена е зголемена за 10 евра по хектолитар во споредба со лани.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина
ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина
Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?
Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?