Денеска е првиот ден од есента, кој ќе трае шест минути подолго од лани
Објавено во: Македонија 23 Септември, 2022 08:37
Оваа година есента започна ноќта помеѓу 22 и 23 септември,
петок во 03:03 часот по средноевропско време и ќе трае до 21 декември во 22:48
часот, кога започнува зимата.
Есента на северната хемисфера на Земјата доаѓа на 266-от ден од 2022 година во 38-та недела, а интересно е што во тој момент ќе поминат 72,88% од оваа година. Во исто време, пролетта ќе започне на јужната хемисфера на Земјата.
Есента започнува во моментот кога Сонцето, во своето привидно движење во текот на годината, го преминува небесниот екватор и се движи кон јужната небесна хемисфера.
Во тој ден Сонцето изгрева точно на исток и заоѓа точно на запад, денот и ноќта се еднакви и траат по 12 часа. Тој ден се нарекува есенска рамноденица. Стручно и прецизно, доаѓањето на есента се дефинира како момент кога центарот на Сончевиот диск достигнува нулта деклинација, а десното искачување на Сонцето е околу 12 часот.
По 22 септември Сонцето ќе почне да се спушта под линијата на небесниот екватор и неговата светлина постепено ќе станува послаба, а ноќите подолги.
Сонцето ќе ја достигне најниската точка на небесната купола на првиот ден од зимата.
Есента, на северната хемисфера на Земјата, пристигнува на 22 септември. Промената на годишните времиња, лето и есен, ќе се изврши во 21 часот и 20 минути. Есента ќе трае 89,86 дена, до 21.12. кога ќе дојде зимата.
Есента ќе трае 89 дена, 20 часа и 44 минути, што е за шест минути повеќе од лани. Утрово, н првиот есенски ден, Сонцето изгреa во 6:26 часот, а ќе зајде во 18:34 часот.
Инаку, за метеоролозите летото заврши на 31 август, а есента ќе трае од 1 септември до 30 декември 2022 година.
Може да се каже дека есента во земјава пристигна малку порано, бидејќи кон крајот на минатата и на почетокот на оваа седмица е забележан значителен пад на температурите, но и врнежи.
Фото: unsplash
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки
ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа
(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување
Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки




