Денеска протест против ковид-рестрикциите на влезот од Скопје
Објавено во: Македонија 19 Февруари, 2021 08:49
Незадоволни музичари, угостители, цвеќари, фризери и претставници на салони и музички продукции денеска ќе протестираат во Скопје три часа. Со почеток во 14 часот протестот ќе се одржи во населбата Автокоманда на булеварот Александар Македонски од 14 ласот.
МВР информира дека денеска, како и во понеделник и вторник од 14,00 до 17,00 часот најавен е организиран протест планиран на крстосницата помеѓу бул.„Александар Македонски“, ул.„16-та Македонска бригада“ и ул.„Интернационални бригади“.
Незадоволните бараат итно укинување на членот 14 од Уредбата донесена на 23.06.2020 со кој се забранува организирање секаков вид настани (свадби, крштевки, родендени) во отворен и затворен дел од угостителските објекти, бараат членките на Туристичко-угостителската комора (ТУК).
Тие бараат државата да донесе соодветни протоколи за да почнат со работа, бидејќи 11 месеци се под рестрикции а државната помош за грантови и за плати не е доволна.
Перица Голомеиќ како еден од организаторите на протестот вчера во емисија на ТВ 21, истакна дека нивната дејност не била опфатена како што очекувале со петтиот пакет владини мерки.
-Од 26 јули ни е воведна забрана за вршење на нашата примарна дејност, забрана за крштевка, свадба, коорперативен настан. Поради тоа ќе ја блокираме раскрсницата булевар Александар Македонски во Автокоманда од 14 до 17 часот, со цел да испратиме апел до Владата да ни издаде протокол за работа. Првенствено да работиме. И да ни помогне финансиски, затоа што ние ги плаќаме нашите обврски и веќе не можеме да продолжиме со тој интензитет, рече Голомеиќ.
Можеби ќе ве интересира
Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило
Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија
Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС
ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!
СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него
ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните
Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот
ФИЛИПЧЕ МУ ВОЗВРАЌА НА ШИЛЕГОВ? ВМРО-ДПМНЕ најдоа еден од нас послаб, ги искористија неговите приватни проблеми




