05 Декември, 2025
0.1709

Денеска завршува рокот за исплата на откупеното грозје

Објавено во: Агробизнис 30 Април, 2016 13:45

Добивај вести на Viber

Денеска истекува законскиот рок до кој винарските визби требаше да го исплатат грозјето откупено минатата година.

Лидерот на лозарите Љупчо Аризанов вели дека според информациите од терен некои од винарниците го имаат целосно исплатено откупеното грозје, но оти има и такви кај  кои намирувањето на обврските кон производителите на грозје е со многу мал процент.

Ги повикува винариите да  го платата откупеното грозје на лозарите во најскоро време.

Како претседател на регионалниот Сојуз на лозари “Агротиквешија”, тој нагласи дека на лозаропроизводителите им се неопходни парите кои ги побаруваат од винарските визби, затоа што во тек се активностите во лозјата околу новата производствена сезона.

-Искуството покажа дека лозарите се повеќе одлучуваат да го продаваат грозјето на винарите кои редовно плаќаат, а ги избегнуваат оние кои на секаков можен начин се обидуваат да ги изманипулираат нив, истакнува Аризанов.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина

ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина

Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?

Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?