29 Септември, 2024
0.0244

ДЕНОТ КОЈ ГО ПРОМЕНИ СВЕТОТ, ЦЕЛА ГОДИНА КРВАВА ВОЈНА: И Киев и Москва се убедени во победа

Објавено во: Свет 24 Февруари, 2023

Добивај вести на Viber

И по цела година беспоштедно крвопролевање, Киев и Москва се убедене во своја победа. Украинскиот претседател Володомир зеленски се обрати до јавноста нагласувајќи дека Украинците на крајот ќе победат.

-Пред една година на денешен ден, од ова исто место околу седум часот наутро, ви се обратив со кратка изјава, која траеше само 67 секунди, рече тој во петнаесетминутниот говор, со празнична музика во позадина. „...ние сме силни. Подготвени сме на се. Ќе ги победиме сите. Вака започна 24 февруари 2022. Најдолгиот ден во нашите животи. Најтешкиот ден во нашата понова историја. Се разбудивме рано и оттогаш не спиев. Но по цела година станавме една голема армија, во која сите придонесуваат“, рече Зеленски, кој одигра клучна улога во собирањето финансиска и воена помош од целиот свет за одржување на одбраната на Украина од многу поголема армија

„Главниот заклучок е дека преживеавме. Ние не сме поразени. И ќе направиме се за да победиме оваа година“, заклучи тој.

Порака стигна и од Москва. Поранешниот руски претседател Дмитриј Медведев денеска изјави дека единствениот начин Москва да „обезбеди траен мир“ е да ги помести сопствените граници што е можно подалеку.

„Нема да застанеме“; Украина: „Нема да застанеме“. И тоа е тоа...

Ова го напиша Медведев на Телеграм по повод годишнината од почетокот војната.

„Помина една година од почетокот на специјалната операција. Помина една година откако нашите војници воспоставија ред, мир и правда во нашата земја и го заштитија нашиот народ и ги уништија корените на неонацизмот. Ќе постигнеме победа. Сите сакаат тоа да се случи, што е можно поскоро. Потоа ќе следат преговори, кои, сигурен сум, ќе бидат тешки и полни со нервоза. Пред се затоа што формалните учесници во преговорите од страната на нашите непријатели се едно, а нашите лидери се нешто целосно различно. Киев нема да ги носи одлуките. Ќе ги носат тие што ќе испратат оружје и пари за Киев за да се одржат во живот остатоците од украинската економија“, рече Медведев во изјавата.


Можеби ќе ве интересира

Пентагон: САД се одлучни да го спречат Иран да го прошири конфликтот на Блискиот Исток

Пентагон: САД се одлучни да го спречат Иран да го прошири конфликтот на Блискиот Исток

СВЕШТЕНИК, ГЛАВА НА ИЗВРШНИОТ СОВЕТ, ПОТОМОК НА ПРОРОКОТ - Ова е можниот наследник на убиениот лидер на Хезболах

СВЕШТЕНИК, ГЛАВА НА ИЗВРШНИОТ СОВЕТ, ПОТОМОК НА ПРОРОКОТ - Ова е можниот наследник на убиениот лидер на Хезболах

„Неговата смрт го зајакнува отпорот“: Хамас изрази жалење поради убиството на лидерот на Хезболах

„Неговата смрт го зајакнува отпорот“: Хамас изрази жалење поради убиството на лидерот на Хезболах

ХЕЗБОЛАХ ПОТВРДИ - лидерот Хасан Насрала е мртов

ХЕЗБОЛАХ ПОТВРДИ - лидерот Хасан Насрала е мртов

ИЗРАЕЛСКАТА ВОЈСКА ТВРДИ ДЕКА ГО УБИЛА ЛИДЕРОТ НА ХЕЗБОЛАХ - нема потврда дека Хасан Насрала навистина е убиен

ИЗРАЕЛСКАТА ВОЈСКА ТВРДИ ДЕКА ГО УБИЛА ЛИДЕРОТ НА ХЕЗБОЛАХ - нема потврда дека Хасан Насрала навистина е убиен

„ЖИВОТИТЕ НИ СЕ ВО МИРУВАЊЕ, ЖИВЕЕМЕ ОД ЧАС ВО ЧАС“: потресно сведоштво на Надим Шехади од Бејрут

„ЖИВОТИТЕ НИ СЕ ВО МИРУВАЊЕ, ЖИВЕЕМЕ ОД ЧАС ВО ЧАС“: потресно сведоштво на Надим Шехади од Бејрут

Дали Вашингтон е способен да ја запре израелската агресија врз Либан?

Дали Вашингтон е способен да ја запре израелската агресија врз Либан?

„Септември месец на македонско-американското наследство“: резолуција со која ќе се слават јазикот, историјата и културата на македонските Американци

„Септември месец на македонско-американското наследство“: резолуција со која ќе се слават јазикот, историјата и културата на македонските Американци

„ЧЛЕНКИТЕ НА ЕУ НЕ ГИ СПРОВЕДУВААТ ПРЕСУДИТЕ НА ЕВРОПСКИОТ СУД ЗА ЧОВЕКОВИ ПРАВА“: ДРИ - ги поткопуваат демократијата и првото во блокот

„ЧЛЕНКИТЕ НА ЕУ НЕ ГИ СПРОВЕДУВААТ ПРЕСУДИТЕ НА ЕВРОПСКИОТ СУД ЗА ЧОВЕКОВИ ПРАВА“: ДРИ - ги поткопуваат демократијата и првото во блокот