19 Декември, 2025
0.0413

Десет помалку познати работи за парите

Објавено во: Мои пари 03 Февруари, 2014 18:00

Добивај вести на Viber

Една од помалу познатите работи за парите е мирисот кој го чувствуваме на банкнотите. Дали сте знаеле дека тоа е човечки мирис? Ова се десетте работи кои многумина не ги знаат за парите, а ги објави порталот All Time 10s. 1. Книжните банкноти можат да носат ешерихија коли и салмонела, а вирус на парите може да преживее до десет дена. 2. Секој ден во САД се штампаат 37 милиони пари, а 95 отсто од нив го заменуваат доларот во други држави. 3. Пронаоѓачот на банкнотите Џон Шеперд Барон, за овој изум бил инспириран од автомат за кафе. 4. Еден сатиричен магазин на богаташи им испратил чекови во вредност од 13 центи. Единствени кои го уновчиле биле Доналд Трамп и трговецот со оружје, Аднан Кашоги. 5. Кралицата Елизабета II се појавува на банкноти во 33 земји со 26 различни портрети. 6. Мирисот на вашите раце, откако сте биле во допир со пари,  е човечки мирис, а не мирис на метал. Потта од кожата се распаѓа што сте биле во допир со железо, што предизвикува мирис. 7. Еден колекционер платил 2.500 долари за банкнота од еден долар со сериски број B00000002J. 8. Кинезите први употребувале книжни пари, 500 години пред Европа, која книжните пари ги воведе во 17. век. Престанале да ги употребуваат поради хиперинфлацијата во 1455 година, а повторно почнаа неколку стотици години покасно. 9. Името на претседателот на Филипините било напишано погрешно на банкнотите од 100 пезоси. Слично се случило и во Чиле. Таму со грешка биле отштампани милион банкноти, а грешката била приметена дури по година дена. Наместо Чиле, пишувало Чиие. 10. Нарко босот Пабло Ескобар отпишал 10 отсто од своите пари, бидејќи биле оштетени со вода или поради тоа што, парите кои ги чувал во складиште, биле изгризани од стаорци.   А.А.

Можеби ќе ве интересира

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии