Добивај вести на Viber
Македонија се наоѓа речиси на дното во групата на дест земји од Балканот според просечните приноси од пченка, покажуваат податоците од Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации. Ваквата состојба според ФАО се должи на лошите земјоделски практики и технологии, кои се далеку под нивото на земјоделските практики во земјите од регионот. Пченката е важна за производство на домашна добиточна храна што особено ќе влијае врз млекотпроизводството и намалување на увозот на млеко и млечни производи. Истражувањата на ФАО покажуваат дека со домашно производство на добиточна храна Македонија ќе заштеди околу 11,3 милиони евра, пари што годишно се трошат за увоз на пченка. Околу 50 проценти од вкупните домашни потреби за добиточна храна се покриваат од увоз, од кои 35 отсто отпаѓаат на пченката која што учествува со најголем процент во храната за добитокот.
Зголемување на домашното производство на пченка може да се постигне со употреба на нови технологии и примената на зовремени земјоделски практики, укажуваат странските експерти. Клучна улога игра наводнувањето со ситем капка по капка.
-Инвестирањето во системи за наводнување капка по капка за комбинираните фарми (вертикално интегрираните фарми) обезбедува многу повисок поврат и економски ефект за националната економија, поради многубројните ефекти низ вредносниот синџир на млеко и млечни производи, т.e. иако додадената вредност на макро ниво од комбинираните фарми е помала во споредба со додадената вредност од одгледувачите само на пченка, зголеменото производство на млеко обезбедува дополнителна можност за реплицирање на ефектите од наводнувањето капка по капка нагоре во вредносниот синџир на млеко и млечни производи, во млекопреработувачката индустрија, преку продавачите на големо до малопродажбата. Оттаму, комбинираните фарми треба да бидат целна група за финансиска поддршка од Владата, стои во т.н Бела книга за иновации во агробизнисот во Макеоднија, изработена од УСАИД.
Потребни се адекватни системи за наводнување
Податоците покажуваат дека од 400.000 хектари кои можат да се наводнуваат, само 127.800 хектари или 32 проценти се опремени за наоднување, односно во пракса се наводнуваат само 79.638 хекатри или 20%. Со 43 проценти искористеност на свежа вода, земјоделството е сектор кој е најголем потрошувач на вода во земјава. Во анализата на УСАИД се посoчува дека Македонија има потенцијал за производство на висококвалитетен земјоделски производ, но само ако се обезбедат адекватни системи за наводнување. Сегашната водна инфарструктура е стара и нефункционална а локацијата на цевките и каналите е несоодветна во однсо на тековната големина на обработливите површини, се посочува во анализата.
-Системите за наводнување се во навистина лоша состојба. Оваа состојба не е од вчера, туку се провлекува подолг период. Токму поради тоа веќе беше изведена рехабилитација на неколку системи за наводнување со подршка на Светската банка (Брегалница, Тиквеш, Полог) и германската банка за подршка на развојот (Јужно Вардарска Долина). Поради низа на проблеми во периодот на транзиција, структурни и системски реформи на секторот водостопанство, слаба подршка на новоформираните водни заедници и друго. Реконструкција и рехабилитација на постојните системи за наводнување е апсолутен приоритет. Тоа автоматски значи поголеми приходи за земјоделските производители, нивна подобрена благосостојба, активирање на руралната средина, потполна обезбеденост со храна на национално ниво, поголеми приходи од извоз, вели професорот
Ордан Чукалиев, од Факултетот за земјоделски науки и храна.
Во 2013-та година почна да се применува проектот на УСАИД за наводнување со систем капка по капка насловен како “Да одгледуваме повеќе пченка”.
-Резултатите од пилот-програмата за систем за наводнување капка по капка на иницијативата „Да одгледуваме повеќе пченка“ се навистина импресивни. Просечните приноси од првата сезона добиени со пилот-портфолиото изнесуваат значителни 11.4 тони/хектар. Во споредба со просечниот принос на пченка во Република Македонија од 4.3 тони/хектар, приносот по наводнувањето со примена на системот капка по капка е мултиплициран за 2.65. Досега, ова е невиден резултат во производството на пченка во македонскиот земјоделски контекст. Проектот за експанзија на мали бизниси се надоврза на овие искуства и досега постави 120 системи за наводнување капка по капка кои покриваат 120 хектари насадени со пченка, а земјоделците дополнително поставија опрема на уште 80 хектари, достигнувајќи го бројот од 200 хектари, се наведува во анализата на УСАИД.
Годинава мерката со која ќе се финансираат системите за наводнување капка-по-капка за пченка, ќе важи за површните со сончоглед и сите останати фуражни култури. Министерството за земјоделство ќе обезбеди 250 илјади евра, кои ќе се употребат за покривање на 50 отсто од трошоците за поставување на овој систем. Огласот за пријавување за субвенциите ќе се објави на 15 февруари и ќе трае до 31 март.Според проценките на ресорното министерство, за седум години Македонија би требало да стане независна од увоз на добиточна храна, што според планот треба да доведе и до зголемување на бројот на добиток.
-Клучен предуслов за напредно сточасртво е сопственото производство на добиточна храна, со што ќе се намали зависноста од увоз на храна, а тоа пак ќе придонесе за намалување на производните трошоци. Со увоз од 62.000 тони пченка и просечен принос од 4,3 тони по хектар, Македонија е релативно ниско позиционирана во регионални и во европски рамки. Моменталните површини насадени со пченка се доволни да ги покријат домашните потреби доколку просечните приноси се зголемат за околу една половина. Досегашното искуство покажа дека тоа е возможно само преку примена на нови технологии на производство и тоа првенств ено со современи решенија на наводнување преку системи капка по капка и со соодветни агротехнички мерки, изјави министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство,
Михаил Цветков.
Со домашното производство на добиточна храна до намалување на увозот на млеко
Производството на млеко и зголемувањето на добиточниот фонд е дирктно зависно од добиточната храна. Странските експерти укажуваат дека доколку Македонија го зголеми домашното производство на сточна храна, ќе го намали увозот на млеко и млечни производи.
Преку зголемување на приносите од пченка се овозможува храна за повеќе молзни крави. Зголемувањето на стадата со молзни крави ќе овозможи зголемување на домашното производство на млеко, што пак значи да се намали зависоноста од увоз на млеко, изјави
Џејмс Стејн, директор на УСАИД во Македонија.
И во анализата на УСАИД се посочува дека производството и растот на фармите директно зависи од расположливата сточна храна, односно од површините и приносите од пченка. Зголемувањето на производство на пченка ќе доведе до намалување на парите за увоз напченка и отворање на нови работни места.
-Колку се поголеми приносите на пченка од површините каде што се одгледува пченка или од фармите со крави што произведуваат пченка за сопствени потреби – толку е поголемо нивното производство и следствено заработката (додадената вредност). Колку е поголемо произведеното количество на непастеризирано млеко во фармите со крави, како резултат на поголемите количини расположива сточна храна – толку се повисоки произведените количини на млечни производи, економските резултати и заработката (додадената вредност) на млекопреработувачите. Колку е поголемо произведеното количество на млекопреработувачите – толку е поголемо количеството на тргуваните добра, а следствено на тоа и трговските маржи во апсолутни износи кои ги добиваат трговците со доставување на добрата до крајните потрошувачи, се посочува во анализата.
Добиточната храна игра клучна улога во зголемување на бројот на добиток. Според податоците од државниот Завод за статистика, во 2013 година бројот на говеда во споредба со 2012 се намалил за 5,1 отсто, односно во 2011 година имало 265.299 говеда, следната година 2012 бројот на добиток е намален на 251.240 говеда, а во 2013-та година бројката изнесува 238.333 говеда. Скапата добиточна храна ги натера фармерите да го намалуваат добиточниот фонд. Минатата година владата донесе одлука за намалување на ДДВ-то за увоз на добиточна храна. Намалување е регистрано и кај производство на пченка, кои од 127.125 килограми во 2008 година, во 2012 година е намалено на 115.928 килограми. Од друга страна Македонија и натаму е увозно зависна од млеко и млени производи за што годишно се трошат околу 30 милиони евра.
Ј.С
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва: