07 Јули, 2024
0.0297

ТРАЈАНОВСКИ СЕДНА НА ДИРЕКТОРСКОТО СТОЛЧЕ НА ДРЖАВНИ ПАТИШТА: Рустеми вели, го остава претпријатието во перфектна состојба

Објавено во: Македонија 04 Јули, 2024

Добивај вести на Viber

Во Јавното претпријатие за државни патишта беше извршено примопредавањето на функцијата меѓу новоназначениот в.д. директор Коце Трајановски и досегашниот директор Ејуп Ристеми. Двајцата за овој чин информираа на социјалната мрежа „Фејсбук“. 

Трајановски се заблагодари за дадената доверба од претседателот на Владата за да го води ова јавно претпријатие и најави дека ќе работи на реализација на што повеќе проекти.

- Благодарам за дадената доверба од Претседателот на владата Христијан Мицкоски за да го водам ова јавно претпријатие. Ќе работам чесно и посветено се со цел да се реализираат што повеќе проекти, кои ќе ги подобрат условите за живот на граѓаните, напиша Трајановски.

Досегашниот директор Рустеми во објавата на „Фејсбук“ вели дека претпријатието го остава во перфектна кондиција и со извонреден перформанс.

- Во текот на мојот мандат, односно од месец ноември 2020 година, до денес, нескромно можам да се пофалам со успешен мандат, со високо ниво на исполнување на годишните програми и рекордно ниво на реализација на капиталните инвестиции во државата. Притоа, сите ние во ЈПДП посветено работевме на главните цели – изградба, рехабилитација, реконструкција, одржување, и безбедност на државните патишта. Остваривме рекордни инвестиции во нови модерни патишта, како и рекордна година на приходи од наплата на патарини. Меѓутоа, ова беше и историски мандат, минатата година започнавме со реализација на најголемиот инфраструктурен проект во современтата историја на државата – изградбата на автопатите на Коридорот 8 и на Коридорот 10 д. Овие години драстично го зголемивме нивото на капиталните инвестиции, при што во 2023 година имавме над 400 милиони евра инвестиции, напиша Рустеми.

Трајановски беше назначен за в.д. директор на ЈПДП откако новиот Управен одбор на претпријатието го разрешу Рустеми. 

Трајановски од 2009 до 2017 година ја извршуваше функцијата градоначалник на Скопје, а претходно беше и градоначалник на Гази Баба до 2005 година.  

За назначувањето на Трајановски денеска реагираа од опозициската СДСМ од каде оценија дека ВМРО-ДПМНЕ ја партизира државата со враќање стари кадри.

- ВМРО-ДПМНЕ го враќа градоначалникот кој го спроведе најголемиот градежен криминал во историјата на земјата, проектот Скопје 2014. Му се даваат 600 милиони евра во рацете и моќ да раководи со најголемите инфраструктурни и градежни проекти. Иако во исто време, Коце Трајановски е косопственик и управител на фирма чија дејност опфаќа и градежништво, рече денеска на прес-конференција портпаролката на СДСМ Богданка Кузеска.


Можеби ќе ве интересира

ШТО ПОРАЧА НОВИОТ ЛИДЕР: Зеќирија Ибрахими е новиот претседател на Алтернатива

ШТО ПОРАЧА НОВИОТ ЛИДЕР: Зеќирија Ибрахими е новиот претседател на Алтернатива

НЀ ЧЕКА МНОГУ СОНЦЕ И МНОГУ ЖЕШТИНА - еве на што треба да обрнете внимание во следниве денови

НЀ ЧЕКА МНОГУ СОНЦЕ И МНОГУ ЖЕШТИНА - еве на што треба да обрнете внимание во следниве денови

ЕВЕ КОЈ ЌЕ ГО МЕНУВА ГАШИ: Зеќирија Ибрахими ќе ја води Алтернатива

ЕВЕ КОЈ ЌЕ ГО МЕНУВА ГАШИ: Зеќирија Ибрахими ќе ја води Алтернатива

ИМЕНУВАЊЕТО ДИРЕКТОРИ ОДИ ПОД ЛУПА: Антикорупциска на штрек, ќе „лови“ неправилности

ИМЕНУВАЊЕТО ДИРЕКТОРИ ОДИ ПОД ЛУПА: Антикорупциска на штрек, ќе „лови“ неправилности

ЗА ШТО Е ПОВИКАН ФРЧКОСКИ НА КОНСУЛТАЦИИ ВО МНР? Шокантни информации се пишуваат во медиумите

ЗА ШТО Е ПОВИКАН ФРЧКОСКИ НА КОНСУЛТАЦИИ ВО МНР? Шокантни информации се пишуваат во медиумите

ЕВЕ КОЈ ЌЕ БИДЕ ПРВ ПОЛИЦАЕЦ ВО ТЕТОВО: Риат Али има 20 годишно искуство во полицијата, бил полицаец а потоа инспектор за борба против дрога

ЕВЕ КОЈ ЌЕ БИДЕ ПРВ ПОЛИЦАЕЦ ВО ТЕТОВО: Риат Али има 20 годишно искуство во полицијата, бил полицаец а потоа инспектор за борба против дрога

АПАСИЕВ ИМАЛ ЗАКАНИ ПО ЖИВОТ, ВЕЛИ ОЛИВЕР МУ РЕКОЛ „АЈДЕ БЕ МЕНЕ СО ПИШТОЛИ, АЈДЕ НАВИКНИ СЕ“: Лидерот на Левица откри кој му се заканувал

АПАСИЕВ ИМАЛ ЗАКАНИ ПО ЖИВОТ, ВЕЛИ ОЛИВЕР МУ РЕКОЛ „АЈДЕ БЕ МЕНЕ СО ПИШТОЛИ, АЈДЕ НАВИКНИ СЕ“: Лидерот на Левица откри кој му се заканувал

СРБИЈА, МАКЕДОНИЈА ПА СОЛУН: Брза пруга за брзо патување до Грција

СРБИЈА, МАКЕДОНИЈА ПА СОЛУН: Брза пруга за брзо патување до Грција

ОВА ГО ИМА САМО ВО ЧАИР: Две возила блокирале улица, никој не може да помине

ОВА ГО ИМА САМО ВО ЧАИР: Две возила блокирале улица, никој не може да помине