07 Јули, 2024
0.0290

ОД ЛАЖЕН ПРОФИЛ УПАТУВАЛ ЗАКАНИ КОН НОВИНАРКА - ОЈО со обвинение против 31-годишен жител на Грчец

Објавено во: Македонија 04 Јули, 2024

Добивај вести на Viber

Основното јавно обвинителство Скопје до Основниот кривичен суд Скопје денеска достави Обвинителен предлог против 31-годишен жител на селото Грчец за кривично дело – Загрозување на сигурноста од член 144 став 5 во врска со став 4, како и ставовите 1 и 2 од Кривичниот законик.

- Обвинетиот по пат на информатички систем сериозно и се заканувал на една оштетена дека кон неа ќе изврши кривично дело за кое е пропишана казна затвор од пет години или потешка казна. Заканите ги упатувал поради нејзиниот општествен статус како новинарка, а во врска со вршењето на нејзините професионални задачи кои ги презела во рамките на своите овластувања - се наведува во соопштението од Јавното обвинителство.

Со намера да ја вознемири и исплаши, како што се посочува во соопштението, тој упатувал заканувачки пораки кон новинарката преку лажен профил на една социјална мрежа, барајќи од неа да избрише текст што го напишала и објавила, со што кај оштетената предизвикал чувство на загрозување, несигурност и страв.

- По издадени наредби на јавен обвинител, МВР го идентификуваше сторителот на кривичното дело, за кое согласно Кривичниот законик е запретена затворска казна од една до пет години. Со ова, од вкупно пет регистрирани напади врз новинари и медиумски работници во текот на 2023 година за кои алармираше Здружението на новинари на Македонија, во три случаи сторителот е идентификуван и е поведена постапка. Од нив, во два предмети, врз основа на поднесените обвиненија, веќе е изречена и пресуда против сторителите на кривичното дело - велат од Јавното обвинителство. 

Можеби ќе ве интересира

ШТО ПОРАЧА НОВИОТ ЛИДЕР: Зеќирија Ибрахими е новиот претседател на Алтернатива

ШТО ПОРАЧА НОВИОТ ЛИДЕР: Зеќирија Ибрахими е новиот претседател на Алтернатива

НЀ ЧЕКА МНОГУ СОНЦЕ И МНОГУ ЖЕШТИНА - еве на што треба да обрнете внимание во следниве денови

НЀ ЧЕКА МНОГУ СОНЦЕ И МНОГУ ЖЕШТИНА - еве на што треба да обрнете внимание во следниве денови

ЕВЕ КОЈ ЌЕ ГО МЕНУВА ГАШИ: Зеќирија Ибрахими ќе ја води Алтернатива

ЕВЕ КОЈ ЌЕ ГО МЕНУВА ГАШИ: Зеќирија Ибрахими ќе ја води Алтернатива

ИМЕНУВАЊЕТО ДИРЕКТОРИ ОДИ ПОД ЛУПА: Антикорупциска на штрек, ќе „лови“ неправилности

ИМЕНУВАЊЕТО ДИРЕКТОРИ ОДИ ПОД ЛУПА: Антикорупциска на штрек, ќе „лови“ неправилности

ЗА ШТО Е ПОВИКАН ФРЧКОСКИ НА КОНСУЛТАЦИИ ВО МНР? Шокантни информации се пишуваат во медиумите

ЗА ШТО Е ПОВИКАН ФРЧКОСКИ НА КОНСУЛТАЦИИ ВО МНР? Шокантни информации се пишуваат во медиумите

ЕВЕ КОЈ ЌЕ БИДЕ ПРВ ПОЛИЦАЕЦ ВО ТЕТОВО: Риат Али има 20 годишно искуство во полицијата, бил полицаец а потоа инспектор за борба против дрога

ЕВЕ КОЈ ЌЕ БИДЕ ПРВ ПОЛИЦАЕЦ ВО ТЕТОВО: Риат Али има 20 годишно искуство во полицијата, бил полицаец а потоа инспектор за борба против дрога

АПАСИЕВ ИМАЛ ЗАКАНИ ПО ЖИВОТ, ВЕЛИ ОЛИВЕР МУ РЕКОЛ „АЈДЕ БЕ МЕНЕ СО ПИШТОЛИ, АЈДЕ НАВИКНИ СЕ“: Лидерот на Левица откри кој му се заканувал

АПАСИЕВ ИМАЛ ЗАКАНИ ПО ЖИВОТ, ВЕЛИ ОЛИВЕР МУ РЕКОЛ „АЈДЕ БЕ МЕНЕ СО ПИШТОЛИ, АЈДЕ НАВИКНИ СЕ“: Лидерот на Левица откри кој му се заканувал

СРБИЈА, МАКЕДОНИЈА ПА СОЛУН: Брза пруга за брзо патување до Грција

СРБИЈА, МАКЕДОНИЈА ПА СОЛУН: Брза пруга за брзо патување до Грција

ОВА ГО ИМА САМО ВО ЧАИР: Две возила блокирале улица, никој не може да помине

ОВА ГО ИМА САМО ВО ЧАИР: Две возила блокирале улица, никој не може да помине