15 Декември, 2025
0.0903

Деспотовски: „Филмскиот град“ во Скопје на Малкович сака да гради и станови

Објавено во: Економија 29 Март, 2023 20:39

Добивај вести на Viber

Јован Деспотовски, директорот на Дирекцијата за технолошко индустриски развојни зони, во емисијата „Студио 10“ на Телевизија 24 рече дека проектот „Филмски град“ во Скопје најавен од светската филмска ѕвезда Џон Малкович бара да му се дадат локации за изградба на станбени и деловни згради, кои тие потоа ќе ги продаваат. Депотовски во овој случај вели дека земјиштето „не може да се даде беспари“.

„Дојдоа и до нас, ни се обратија, имавме еднаш, два пати средби со регионалните претставници на самата компанија. И во самата презентација на проектот има елементи кои не соодветствуваат… Проектот се состоеше од повеќе елементи. Филмскиот град беше само еден од нив. Имаше еден крупен сегмент кој подразбираше развој на комерцијални објекти, дел за домување, дел за деловни намени“, рече Деспотовски.

Тој додаде дека од страна на државата им било понудено веднаш да се почне со изградба на филмскиот град, дури тоа да го направат домашни компании, а тие само да дојдат, да донесат технологија и да почнат да снимаат. Меѓутоа, сакале прво да градат згради и да продаваат станови.

„Ако сакате брутално искрени да бидеме, да. Јас немам проблем тоа да го дискутирам. Понудивме сегментот на филмскиот град веднаш да го реализираме во една од нашите зони. Веднаш, земјиште да лоцираме за таа намена, дури и да обезбедиме контакт со домашни фирми кои биле подготвени тоа да го изградат и да го дадат под наем, само компанијата да дојде, да донесе технологија и да донесе клиенти да се снима тука. Сегментот на недвижност, комерцијален елемент, тоа го немаме бидејќи тоа си е сосема друг ресор во државата. Меѓутоа, претставниците на компанијата инсистираа прво на тој сегмент, пред да се реализира делот на филмскиот град“.додаде директорот на ТИРЗ.



Можеби ќе ве интересира

Добро платени работни места за луѓе кои мразат состаноци

Добро платени работни места за луѓе кои мразат состаноци

Украинските напади и санкции го земаат својот данок – ова не се случило со Русија од 2022 година

Украинските напади и санкции го земаат својот данок – ова не се случило со Русија од 2022 година

Историски максимум: Од почетокот на годината, цената на овој метал се зголеми за 113 проценти

Историски максимум: Од почетокот на годината, цената на овој метал се зголеми за 113 проценти

Што кажува банкротот на iRobot за глобалниот пазар на роботски правосмукалки?

Што кажува банкротот на iRobot за глобалниот пазар на роботски правосмукалки?

Уште една валута e на нов рекорден минимум

Уште една валута e на нов рекорден минимум

Кои се најуспешните земји во ЕУ во однос на наплатата на ДДВ?

Кои се најуспешните земји во ЕУ во однос на наплатата на ДДВ?

Најлоши во ЕУ: Оваа земја е најзависна од парите што ги праќаат иселениците

Најлоши во ЕУ: Оваа земја е најзависна од парите што ги праќаат иселениците

Зошто се намалува вредноста на доларот во однос на еврото?

Зошто се намалува вредноста на доларот во однос на еврото?

Најголемиот германски производител на челик привремено го запира производството во две големи фабрики - 1.200 работни места во опасност

Најголемиот германски производител на челик привремено го запира производството во две големи фабрики - 1.200 работни места во опасност