26 Ноември, 2024
0.0274

ДЕСПОТОВСКИ: Ваков модел на договори како со Митилинеос се пракса во ЕУ

Објавено во: Македонија 13 Февруари, 2024

Добивај вести на Viber

Финансиската поддршка за реализација на стратешката инвестиција на Митилинеос е целосно во согласност со регулативата на ЕУ и на Македонија, истакнува директорот на ТИРЗ, Јован Деспотовски.

„Договорот за закуп на капацитет за производство на струја по ниту еден основ не може да се смета за државна помош. Државна помош е кога државата дава добро или услуга на приватен субјект по цени што се пониски од пазарните. Кај проектот на Митилинеос имаме целосно обратна ситуација. Државата преку ЕСМ добива електрична и топлинска енергија по цени кои се пониски од пазарната. И не може за струја што ја купуваме во странство да зборуваме дека е поевтина од домашната. Само заради трошокот за да стигне до Македонија преку трети земји увезената струја станува барем 10 – 15 oтсто поскапа. Тоа се милиони евра што сега годишно завршуваат во буџети на други држави, наместо да останат кај нас“, вели Деспотовски.

Директорот на ТИРЗ потенцира дека парите што стратешкиот инвеститор Митилинеос ќе ги добие од државата, а тоа се 17 oтсто од вкупната инвестиција или околу 50 милиони евра во државниот Буџет ќе се влеат најмалку 120 – 150 милиони евра само по основ на данок на добивка.

„Значи, за секое вложено евро, државата односно граѓаните ќе добијат 2,5 до 3 евра назад. Згора на се, позитивните ефекти за граѓаните и економијата од заштедите на трошоци за ЦО2 квотите, а посебно придонесот за намалување на загадувањето на воздухот, посебно во Скопје се огромни. Сакам да потсетам дека и за доделувањето на овој договор за државна помош, чија подготовка ќе следи по усвојување на законот за страшка инветиција во Собрание, ќе побараме не само согласност од Комисијата за заштита на конкуренцијата, што е предвидено со нашата регулатива, туку и од Енергетската заедница во Виена. Целосно сме отворени за секоја дилема, сите предлози и сугестии“, рече тој.  

Ваков модел на договори вели дека  се современа пракса во ЕУ и навистина не гледа причина зошто Македонија да не ги искористи во обезбедување на сопствената енергетска независност. 

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

За бугарскиот премиер прашањето за уставните измени е веќе затворена работа

За бугарскиот премиер прашањето за уставните измени е веќе затворена работа

Николоски: Диви плажи функционираат во Струга, до кога ќе се толерира Мерко?

Николоски: Диви плажи функционираат во Струга, до кога ќе се толерира Мерко?

Просториите на Адвокатска комора насилно запалени, се бара брзо пронаоѓање на сторителот

Просториите на Адвокатска комора насилно запалени, се бара брзо пронаоѓање на сторителот

Финансиска полиција го истражува поранешниот министер за култура Исмаили

Финансиска полиција го истражува поранешниот министер за култура Исмаили

Тепачка во Итна медицинска помош Гевгелија

Тепачка во Итна медицинска помош Гевгелија

Вицепремиерот Фетаи: Државата лани замрзнала сомнителен имот од само 1,8 милиони евра

Вицепремиерот Фетаи: Државата лани замрзнала сомнителен имот од само 1,8 милиони евра

По контроверзните помилувања, Силјановска Давкова објави нов комисиски состав

По контроверзните помилувања, Силјановска Давкова објави нов комисиски состав

Утре ќе бидат претставени шестте еколошки автобуси на ЈСП, донација од ЕУ

Утре ќе бидат претставени шестте еколошки автобуси на ЈСП, донација од ЕУ

„ЗА 176 ПРОЦЕНТИ Е ЗГОЛЕМЕНО НАСИЛСТВОТО ВРЗ ЖЕНИТЕ“: Мојсоска најави - Левица ќе поднесе измена на Кривичниот законик

„ЗА 176 ПРОЦЕНТИ Е ЗГОЛЕМЕНО НАСИЛСТВОТО ВРЗ ЖЕНИТЕ“: Мојсоска најави - Левица ќе поднесе измена на Кривичниот законик