ДЕСТИНАЦИЈА БЕЗ КОРОНА: Каква туристичка сезона очекува Дојран?
Објавено во: Македонија, Корона Вирус 03 Јуни, 2021 07:27
Дојран е град без заразени со коронавирусот, а од локалната самоуправа очекуваат дека оваа година ќе имаат повеќе странски и домашни гости, и дека ќе се вратат на нивото кое го имаа пред пандемијата.
Плус за оваа дестинација е тоа што немаат активни случаи, со што туристите можат да бидат безбедни. Дојран летово ќе понуди збогатена туристичка понуда за гостите, во делот уредување на постоечки плажи, отварање на нови песочни плажи, реконструкција на локални улици.
„Дел од понудата се однесува на: партерно и хортикултурно уредување на зелената рекреативна зона - градски парк централно градско подрачје со финансиска поддршка од Европската Унија и државата преку Проектот за локална и регионална конкурентност, нови детски паркови, игралиште за миленици, паркови и зеленила. Согласно Планот за управување и Годишната програма за заштита на природата на Дојранското Езеро – набавивме сувоземно-пловен багер – „Амфибија“ за собирање на пластичен и зелен отпад (бујна вегетација) во Зоната на одржливо користење на Дојранско Езеро, и ова финансиски е овозможено од Европската Унија во рамки на Проектот Интегриран систем на управување со екосистемот на Дојранското Езеро. За прв пат во нашата држава е набавено вакво возило ,,Амфибија" - багер на вода, кое ќе служи за подобрување на квалитетот на водата во езерото. Последните Извештаи од тестирањето на здравствената безбедност на водата во Дојранското Езеро е во одлична состојба и истата може да се користи за капење и рекреација. Најстара плажа ,,Калдрма" се враќа во стариот и препознатлив сјај, а има и реконструкција на Саат кулата, турската бања и изградба на пристапни патеки до нив“, вели Милка Ајцева, виш соработник во Одделението за угостителство и туризам и локален економски развој во Општина Дојран.
Просечниот престој на гостите во градот е околу 5 дена, а во летото 2018 година во Дојран имало околу 67.200 туристи кои оствариле 336.000 ноќевања. Во 2019 година имало 61.200 гости кои оствариле 306.000 ноќевања, а во 2020 година вкупно имало 35.280 туристи кои реализирале 176.400 ноќевања.
Најголем дел од леглата се во приватните сместувачки капацитети. Тие имаат повеќе од 5.000 легла, а заедно со одмаралиштата и комерцијалните објекти бројката надминува некаде над 6.000 легла, односно со полн капацитет за 30 дена може да се овозможат 180.000 ноќевања.
На пат кон Грција, многу српски туристи го посетуваат Дојран, а оваа година за нив ќе има попусти во рестораните и хотелите во Дојран, како и бесплатен паркинг поради донираните вакцини.
Во Дојран досега имаше вкупно 132 случаи на коронавирусот. Охрид сега има 54, а Струга 22 активни случаи на коронавирусот.
Сања Атанасовскафото Википедија
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Исповед на Надалина, ќерката на актуелниот градоначалник на Кочани која ја преживеа трагедијата: Последната слика на која се сеќавам е луѓе како врескаат, обидувајќи се да излезат
(ВИДЕО) ОГРОМНА ПУКНАТИНА ВО ЛИПКОВО: Жителите се вознемирени
Прекршочна за Менди Ќира и Општина Струга: На прославата за Денот на алабнското знаме изостана македонското знаме
ЛЕКОВИ, ЦИГАРИ, ЖЕСТОКИ ПИЈАЛОЦИ, ЌИЛИМИ - Цариниците со голема заплена, еве каде биле скриени предметите
КАКО ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ВО ПОНЕДЕЛНИК? Еве како празнично ќе се работи
Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија
„АКО ИТАЛИЈА СЕ СПРАВИ СО КОЗА НОСТРА, МОЖЕМЕ И НИЕ СО МАФИЈАТА НА ВМРО-ДПМНЕ“: Филипче најави „бомби 2.0“
КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ДИРЕКТОРКА НА СРЕДНО УЧИЛИШТЕ ОД ДЕЛЧЕВО - МВР ја товари за „фалсификуван тест за англиски“
ЕУ ДА ИЗВРШИ ПРИТИСОК ВРЗ ТИЕ ШТО ГО БЛОКИРААТ ПРОЦЕОТ НА ПРОШИРУВАЊЕ: Николоски - Македонија одамна засужила да ги почне преговорите





