ДЕТАЛИ ОД БУЏЕТ 2018: Повеќе пари од даноци, поголеми трошења за социјала!
Објавено во: Финансии 13 Ноември, 2017 07:53
Зголемени очекувања за
повисоки приходи во однос на годинашните по основ на даноци и придонеси,
зголемување и на недоначните приходи, очекува Владата во новата буџетска 2018 година.
На расходната страна, повеќе ќе се троши за плати, транфери до општините а
најзначајно зголемување во однос на годинашните позиции има кај ставката
“субвенции и трансфери“. До година ќе се издава нова Еврообврзница. Стокмениот
Буџет за 2018 годинавеќе стаса во Собранието и според информации на “Фактор“,
најверојатно дебата во комисиите ќе започне околу 20 ти ноември.
Приходи во буџетската 2018 година...
Првиот буџет што го конципираше новата Влада, е досега најголемиот буџет, и на приходна и на расходна страна, со што во буџетската структура ќе има позначајни поместувања кај трошењата, но и зголемени очекувања за повисоки приходи од даноци. Така, Владата догодина планира да обезбеди вкупни буџетски приходи во износ од 3,14 милијарди евра, што во споредба со годинашните позиции, тоа е раст за 4,7%. Анализирано по ставки, најголем процентуален скок од 7,5% се очекува од даночните приходи од кои во буџетската каса треба да се слеат 1,86 милијарди евра што е за 130,7 милиони евра повеќе во однос на годинава.
“Даночните приходи за 2018 година се планирани во износ од 114.797 милиони денари, во чии рамки вклучен е очекуваниот ефект од околу 1.600 милиони денари по основ на зголемувањето на акцизата на нафта за 3 денари. Ефектот од зголемување на акцизата на нафтата соодветно е изразен и во очекувано зголемување на приходите од ДДВ за околу 350 милиони денари. Доминантно учество со 44,5% во планираните даночни приходи има данокот на додадена вредност, а на акцизата отпаѓаат 22,6%“ – се наведува во предложениот Буџет.
Во 2018 година, за пет проценти треба да се зголемат и приливите од придонеси кои со новите проекции се на ниво од 900,8 милиони евра. Кај неданочните приходи проектиран е пораст за 5,4% и тие се утврдени во износ од 280 милиони евра.
На приходната страна намалување е проектирано по основ на капитални приливи за 22,2% и кај донациите за 34,1%.
Трошења во буџетската 2018 година ....
Во буџетската 2018 година Владата планира да потроши 3,44 милијарди евра, што во однос на годинава преставува раст на трошењата за 4,1%. Кај вкупните тековни расходи, во однос на годинава, е планирано зголемување за 4 отсто речиси кај сите ставки, освен за стоки и услуги. Анализирано по буџетски ставки, најголем пораст на расходите во однос на годинава има за “субвенции и трансфери“ за 10,5% или овие расходи се проектирани во износ од 280 милиони евра. Пораст на расходите во однос на годинашните за 5,7 има кај каматните плаќања, кои се позиционирани на 141,2 милиони евра. За 5,2% се зголемуваат и трансферите до единиците на локална самоуправа, за што се обезбедени скоро 300 милиони евра. Преку ставката за плати, која во однос на 2017 е зголемена за 1,8%, ќе се одлеат 441 милион евра.
Ако се анализира според висината на расходите во 2018 година, најголем дел од буџетот ќе се потроши за социјални трансфери 1,6 милијарди евра, потоа за плати и надоместоци 441 милион евра и на трето место се капиталните расходи во висина од 401 милион евра, што во однос на годинава претставува пораст од 5,3 отсто. Процентуално, според функционални области, најголемиот дел од буџетскиот “колач“ или 32% ќе биде за социјална и детска заштита, потоа 19% за економски развој и финансиски области, 14% отпаѓаат на здравството а 11% на образованието. Останатиот дел од буџетот го делат другите области, односно сектори.
Буџетски дефицит – клучни странските задолжувања ..
Догодина, во споредба со оваа 2017, Владата проектираше помал буџетски дефицит на ниво од 2,7 отсто или скоро 300 милиони евра.
За финансирање на буџетскиот дефицит но и на обврските по основ на доспеани долгови, Владата ќе се задолжува и на домашен и на надворешен пазар. На страната на приливите од домашни извори, проектирана е сума од 288 милиони евра а приливите од странски извори се на ниво д 566 милиони евра. Со Буџетот 2018 најавена е новата Еврообврзница.
“Задолжувањето во странство може да се реализира преку издавање на Еврообврзница на меѓународниот пазар на капитал или преку повлекување на средства од поволни кредити од странски финансиски институции и кредитни линии наменети за финансирање на одделни проекти. Притоа, изборот на конкретен извор за надворешно финансирање ќе се темели на тековните и очекуваните состојби на меѓународните пазари на капитал. Понатаму, со задолжување на домашен пазар на државни хартии од вредност ќе се обезбеди дополнително финансирање под поволни услови, користејќи ги релативно ниските каматни стапки и високиот интерес на инвеститорите на домашниот пазар за државни хартиии од вредност.
За отплата на доспеани обврски по основ на домашно и странско задолжување ќе се потрошат 368 милиони евра. Владата најавува дека во 2018 ќе ја зголемува рочноста на државните хартии од вредност.
А.Д.* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Миноски: Инфлацијата ја прави прекумерната владина потрошувачка, а не потрошувачите
Се продолжува работниот век! Германија ја усвои реформата на пензискиот систем, Франција ја блокираше постапката
„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“
„ЧЕКАМ ОДЛУКА И МОЛАМ БОГА ДА ПОМИНАМ СО КАЗНА, ДА НЕ МЕ ВРАТАТ НАЗАД“: Балканец во Германија за 50 евра - косење трева на црно, бил пријавен од човекот каде што работел, сам го викнал па го пријавил!
ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено
„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори
РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати
СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни
Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција





