Децата не се само бројки, тие се личности!
Објавено во: Анализа 30 Октомври, 2012 19:49
Во 21 век за да воспитате, образувате и изградите еден примерен детски нормален лик, како мајка, а и како татко треба да вложите многу повеќе труд. Не само љубов, бидејќи тоа едноставно ќе биде малку, а вашето дете не ќе може да се вклопи во динамиката на денешницата. Од старт треба да бидете подготвени дека вашето дете треба да биде технолошки подготвено, ако ние како деца се радуваавме на Комодоре, ова дете ќе треба да знае совршено да ракува со таблет. Да чита книги од интернет, а не во библиотека, без разлика колкав ќе биде нашиот отпор притоа, тое е подреденоста на новите вредности кои ни како поедениц, ни како гупа не можеме да ги смениме. Може само да се прилагодиме. Во наше време се учеше само англиски. Е сега тоа е малку. Тоа се знае уште од градинка. Значи за почеток, вашето дете треба да владе најмалку два странски јазика, ако сакате на било каков начин во блиска иднина да може да се вклопи во системот најмалку, а ако сака пак, успешна кариера ќе требаат и други жртви.
Каква иднина посакувате за своето дете?
Ме вчудоневиде деновиве лесното споредување со Африка или со ромската популација. Таму имале многу деца без да се анализира премногу. Оние кои ги споменаа овие две ставки, за жал само сакале да пополнат бројки, но не и да ја посочат суштината. Таа пак вели: поради стапката на сиромаштија и глад, што доведува до смртност или болести кај децата, во Африка се спроведува стратегија на намалување на наталитетот. Во контекст на вториот факт, во кој некои дури се фалат дека ромките не се грижеле многу затоа што немале куќа, тие едноставно се радувале на многу деца. Но, доволна ли е само радоста. Зарем не сте биле нем сведок на злоупотребата на деца од токму овие мајки, кои ги тераат на улица за да питачат или крадат?
Најголемиот процент на мајки здраворазумно не го делат ниту еден од овие два става, затоа што како мајка му го посакуваат најдоброто на своето дете. Едно дете за да стане личност, треба да се нахрани, напие, облече, образува и најважно од се, да се воспитува и сака. За мајките ќе беше најлесно само да раѓаат и тука да заврши секоја нивна одговорност во врска со нивното дете. Но, не е баш така. Токму и затоа многу мајки се чувствуваат поразени, кога веднаш по сознанието дека се бремени, добиваат лоша честитка од фирмата во која работата во која пишува дека тие не сметале на нејзината бременост. Втора, истотака поразителна ситуација е враќањето на работа по завршувањето на породилно, а таму имате ситуација, извини, но твоето место е веќе пополнето. Што треба да направи една мајка во тој случај, да плаче или да пита со своето дете, очекувајќи на тој начин да го разреши овој семеен проблем?
Не е редок ни случајот кога бремени жени се дикриминирани на работа, токму поради нивната состојба. Бременоста е како заразна болест, па често дури и големите фирми не би сакале во својот тим да вметнат бремена жена без разлика на нејзите способност, затоа што нејзината состојба едноставно не се поклопува со нивната стратегија за раст.
Градинките мака мачат со групно чување на 30 деца
Следно прашаење кое треба да се разгледува е дали има начин да и се помогне на една мајка, која во исто време мајка, сопруга, колешка, пријателка? Некој ќе рече, да има градинки.
А во градинките чудесна ситуација, 30 деца на две воспитувачки. Можат ли тие да се справат со толку деца, можат ли да ги воспитаат, можат ли воопшто да внимаваат на нив. Па, често децата знаат повеќе и од самите воспитувачки. Секоја чест на исклучоците, но поразително за секоја мајка е да го оставиш твоето дете на друг, притоа да не си сугурен колку ќе јаде, пие, дали некој ќе го провери кога ќе падне или сл. Секако, мора да посочиме дека има програми, но каква е нивната спроведливост при 30 деца? Плус, често самите воспитувачки повеќе сакаат пауза за кафе и муабет, задскривајќи се притоа на нивните лоши услови за работа, што никако не е стандард за професоинализам. Но, ни тие не се виновни.
Можат ли децата да бидат само бројки за остварување статистички цели, па и за наталитет?
И ова не е се. Тука се уште и тешките економски состојби, кои многу семејства во земјава оставиле само на леб и вода, па не се ни осмелуваат да побараат повеќе. Да не зборувам дека просечните семејства одамна се далеку под просекот, прашајте ја т.н. средна класа.
Бројки не споменав од една едноставна причина, децата имаат непроценлива вредност за сите нас. Па, токму затоа ако навистина толку многу ни требаат, да не ги третираме како статистички бројки, туку како човечки големини. Впрочем и тие се луѓе, нели! Ако ги посакуваме толку многу, тогаш навистина да се потрудиме, да им покажеме дека го вреднуваме вистински сиот труд кој е вложен во нивното создвање.
Вики Ристоска
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
КАМЕРИТЕ СЕ БОЈАТ, КРШАТ, КРАДАТ И ФРЛААТ ВО РЕКИ: Еве како поминале камерите на Сејф сити во земјите низ Европа и на Балканот
СДСМ се „пере“ од Груевски – Се враќа ли опозицијата на „антирежимските“ корени
Ако сакаш да не најдеш решение формирај комисија – Што ќе донесе анкетната расправа за Кочани?





