05 Декември, 2025
0.0489

Детски камп за енергетска ефикасност

Објавено во: Мои пари 10 Јуни, 2013 13:39

Добивај вести на Viber

Со детскиот камп во Струга каде што основците од земјава учествуваа во квиз-натпреварите за енергетска ефикасност, се заокружи и оваа учебна година на  Училишниот проект на ЕВН Македонија. Преку најразлични игри, забава и едукација во детскиот камп знаењето го докажуваа учесници од сите петнаесет училишта во кои ЕВН Македонија годинава организираше континуирана настава за енергетска ефикасност. Победници се  учениците од ОУ „ Дитурија “ од скопската Општина Сарај , на второ место се пласираа учениците од ОУ „ Братство и единство “  од Охрид , а трети завршија основците од  „ Лирија “ од Општина Чаир-Скопје. Мини електронски сметачи, апарати за мерење на ефикасното трошење на електричната енергија, училишни прибори и други награди поделија најдобрите ученици. Кампот се оддржа во одмаралиштето на Црвен Крст "Солферино" во Струга. Во склопот на кампот волонтери од повеќе младински организации работеа на изработка на едукативни игри во кои се натпреваруваа учесниците на енергетскиот квиз. ЕВН Македонија веќе шест години ја спроведува посебната програма за едукација на најмладите за разумно користење на електричната енергија. Оваа активност која за прв пат во Македонија една компанија ја спроведе во ваков обем е посебна и по начинот на реализација, заради тоа што ја користи помошта од граѓанските здруженија. Проектот се спроведува во соработка со здружението Конект како фасилитатор на активностите на терен на локалните организации: МАЦЕФ од Скопје, Младински Совет Охрид, Планетум од Струмица и Жетва на знаење од Прилеп. Искуството од соработката е многу позитивно, и проектот досега е добитник на повеќе награди за општествена одговорност    

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Пакомак најави отворање на нов погон за секундарно селектирање на отпадот, каков што нема никаде на Балканот

Пакомак најави отворање на нов погон за секундарно селектирање на отпадот, каков што нема никаде на Балканот

СЕТЕК BLUE DECEMBER: ЖЕЛБИТЕ БЛЕСКААТ ВО СИНО

СЕТЕК BLUE DECEMBER: ЖЕЛБИТЕ БЛЕСКААТ ВО СИНО

Халкбанк со донација на компјутерска опрема ја зајакнува дигиталната настава во ДУЦОР „Партенија Зографски“

Халкбанк со донација на компјутерска опрема ја зајакнува дигиталната настава во ДУЦОР „Партенија Зографски“

Стопанска банка финансиски ќе поддржи нови 16 инклузивни проекти како дел од седмото издание на „Сонуваме.Менуваме“

Стопанска банка финансиски ќе поддржи нови 16 инклузивни проекти како дел од седмото издание на „Сонуваме.Менуваме“

ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА – ПОДДРЖУВАЧ НА КУЛТУРАТА: ШЕХЕРЕЗАДА ВО МОБ

ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА – ПОДДРЖУВАЧ НА КУЛТУРАТА: ШЕХЕРЕЗАДА ВО МОБ

Каде ќе бидеш ти кога ќе се решава најинтензивната F1 сезона досега?

Каде ќе бидеш ти кога ќе се решава најинтензивната F1 сезона досега?

Постепено месечно вложување: најлесен начин да ги остварите вашите цели

Постепено месечно вложување: најлесен начин да ги остварите вашите цели

Business for Business форум 2025 - Комерцијална банка ги спои иновациите со успешните бизнис приказни

Business for Business форум 2025 - Комерцијална банка ги спои иновациите со успешните бизнис приказни

АмЧам избра нови членови во Одборот на Директори и го прослави 25 годишниот јубилеј

АмЧам избра нови членови во Одборот на Директори и го прослави 25 годишниот јубилеј