Детското штедење Халки ја поттикнува вредната навика да се мисли на иднината
Објавено во: Мои пари 24 Октомври, 2025 10:12
Во октомври, месецот на штедење, Халкбанк уште еднаш потсетува дека навиката за штедење не се учи само преку бројки, туку и преку љубов, грижа и трпение. Со детското штедење Халки, банката повеќе од една деценија ги учи најмладите дека секој мал чекор денес може да донесе голема промена утре. Со слоганот „Мали чекори - големи соништа“, Халки праќа порака дека вистинската вредност не е во тоа колку имаме, туку како се грижиме за она што го имаме. Секоја уплата во детското штедење е повеќе од бројка -тоа е порака на љубов, посветеност и сигурност кон иднината на детето.
„Со детското штедење Халки сакаме да создадеме генерација која ќе ја разбере важноста на штедењето и одговорноста што произлегува од него. Сметаме дека е важно и најмладите, но и повозрасните да знаат дека штедењето не е само финансиски чин, туку начин на размислување, основа за стабилност и доверба“, вели Маја Наумовска Савеска, директор за корпоративни комуникации во Халкбанк АД Скопје.
Низ годините, слончето Халки прерасна во симбол на детското штедење и пријател на најмладите. Со својата препознатлива насмевка, Халки потсетува дека штедењето може да биде и игра и лекција. Преку сликовници, видеа, подкасти и едукативни работилници, Халки ги воведува децата во светот на финансиската писменост на едноставен, креативен и забавен начин.
Со цел да ја поттикне навиката за штедење, за сите новоотворени детски депозити во текот на октомври, Халкбанк подарува уникатна Халки касичка, симбол на првата штедна авантура. Минималниот износ за отворање детско штедење изнесува 1.000 денари или 20 евра, а потребни се само лична карта или пасош од родителот/старателот и извод од матична книга на родените за детето.
Во рамки на месецот на штедењето, Халки во соработка со неколку училишта организира едукативни работилници, каде што децата преку игра и цртежи ќе учат за историјата на парите. Целта е да се изгради генерација што ќе знае дека секоја мала паричка има своја вредност, особено кога зад неа стои љубов и цел. Кога ги учиме децата да штедат, ние не ги учиме само како да бројат, туку како да создаваат, да се грижат и да веруваат во себе. Со секоја нова штедна книшка, расте една нова приказна - приказна за љубов, стабилност и иднина.
ПР објава
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Пакомак најави отворање на нов погон за секундарно селектирање на отпадот, каков што нема никаде на Балканот
Халкбанк со донација на компјутерска опрема ја зајакнува дигиталната настава во ДУЦОР „Партенија Зографски“
Стопанска банка финансиски ќе поддржи нови 16 инклузивни проекти како дел од седмото издание на „Сонуваме.Менуваме“
ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА – ПОДДРЖУВАЧ НА КУЛТУРАТА: ШЕХЕРЕЗАДА ВО МОБ
Каде ќе бидеш ти кога ќе се решава најинтензивната F1 сезона досега?
Постепено месечно вложување: најлесен начин да ги остварите вашите цели
Business for Business форум 2025 - Комерцијална банка ги спои иновациите со успешните бизнис приказни
АмЧам избра нови членови во Одборот на Директори и го прослави 25 годишниот јубилеј





