ДЕТСТВОТО ГО ПОМИНАЛ ВО БЕЛГРАД - кој е Јенс Столтенберг, старо-новиот шеф на НАТО Алијансата
Објавено во: Свет 04 Јули, 2023
ЈЕНС Столтенберг доби уште еден мандат на чело на НАТО алијансата.
Јенс Столтенберг е роден во Осло на 16 март 1959 година. Благодарение на неговиот татко Торвалд, кој беше шеф на дипломатијата и амбасадор на Норвешка во СФРЈ, Јенс живееше во Белград од 1962 до 1965 година.
Оженет е и има две деца. Дипломирал економија, а во политиката влезе благодарение на неговата сестра Камила, која била членка на марксистичко-ленинистичката група Црвена младина.
Учествуваше во протестите против војната во Виетнам, кога цел беше американската амбасада. Две години работел и како новинар во Арбајдербладет.
По примерот на татко му, тој беше член на Работничката партија. Пред да стане премиер, тој беше министер за животна средина, министер за индустрија и министер за финансии.
Премиерски мандати
И двата мандати на Столтенберг на чело на владата на Норвешка беа импресивни. Првиот мандат го наследи од неуспешната влада на Бондевиќ. Иако беше заменик претседател на партијата, стана премиер. Не си помина баш најдобро, па веќе една година и седум месеци подоцна, неговата влада падна. На првите избори потоа неговата партија имаше најниска поддршка досега. По дебаклот го презема раководството на партијата.
Вториот мандат доаѓа 4 години подоцна, во 2005 година, кога тој повторно стана премиер. На таа позиција остана до 2013 година.
Во неговиот втор мандат, огромна трагедија ја погоди Норвешка. Најпрвин пред зградата на Владата експлодирала бомба и во таа прилика загинале осум лица. Еден час подоцна се слушнале истрели од огнено оружје од островот Утоја. Столтенберг имаше закажана посета следниот ден. Андрес Брејвик уби 69 луѓе. Утврдено е дека и тој стои зад бомбардирањето.
Една година по поразот на изборите во 2013 година, тој доаѓа на чело на НАТО пактот.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.