05 Декември, 2025
0.0335

Деветмесечното неработење на ОКТА и донесе загуба од 5,5 милиони евра!

Објавено во: Економија 13 Ноември, 2012 10:56

Добивај вести на Viber

Лоши финансиски резултати за првите три квартали од годината Окта ги правда со глобалното намалување на рафинериските маржи. Дури 5,5 милиони евра загуба книжи Окта поради деветмесечното неработење во Македонија. За разлика од оваа година, единствената рафинерија во земјава, која продава и на домашниот, но и на српскиот и косовскиот пазар, лани оствари профит од 4,9 милиони евра. Ваквите лоши финансиски резултати за првите три квартали од годината од Окта ги правдаат со глобалното намалување на рафинериските маржи. „Друштвото искажа нето загуба по оданочување како резултат на глобалното намалување на нето рафинериските маржи на ФОБ основа. Значајното зголемување на продажните цени на нафтените деривати поради постојаниот пораст на цената на суровата нафта на светската берза резултираше со намалена побарувачка на пазарот на истите. Курсот на американскиот долар се зголемуваше,  што предизвика остварување на поголеми финансиски расходи  во однос на приходи од истите“, објаснуваат од Окта. За првите девет месеци Окта инкасираше 435.000 евра од продажба на нафтени деривати што е за 10% помалку во однос на истиот период лани. Само на домашниот пазар Окта годинава продаде горива во вредност од близу 300.000 евра или за 5.000 помалку во однос на лани. Од продажбата на странските пазари пак, единствената рафинерија во земјава за првите три квартали инкасираше 135.000 евра, наспроти 180.000 евра лани. Податоците од Комисијатa за хартии од вредност покажуваат дека годинава Окта не штедела на своите вработени. Трошоците за нив годинава се за 1 милион евра поголеми во споредба со потрошените 6,4 милиони евра лани. Останатите оперативни приходи на рафинеријата изнесуваат 55.000 евра, што е раст од дури 130% во однос на остварените 24.000 евра за периодот јануари-септември 2011 година. Окта почна со работа, откако на средината на октомври Царинската управа пoкрена кривична пријава против Рафинеријата  поради  грубо кршење на законите. Против Окта беа поднесени кривични пријави за „царинска измама“ и „криумчарење“. Окта тогаш се закани дека снабдувањето со нафтени деривати во земјава е доведено во опасност, објаснувајќи дека укинувањето на одобренијата за поедноставени постапки на увоз и извоз на нафтени деривати значително ќе влијаат на нормалното снабдување со нафтени деривати на локалниот и на косовскиот пазар, создавајќи сериозни проблеми во енергетскиот биланс на двете земји. Окта демантираше со тврдење дека одлуките на Царинската управа за укинување на одобренијата за поедноставени постапки на увоз и извоз на нафтени деривати на ОКТА се во целост неосновани и неоправдани. Според Царинската управа, Окта речиси цела година работела без потврди за општа гаранција за транзитна постапка и не ги доставувала сите потребни документи веднаш или најдоцна до наредниот работен ден, што претставува грубо кршење на царинските прописи. Царината, која изминативе неколку месеци исконтролирала 10 цистерни на рафинеријата, утврдила дека Окта увезувала бензин со помалку октани од декларираните. Окта остана без одобренијата за овластен примач и испраќач и за локално царинење при увоз и извоз, бидејќи компанијата не се придржувала кон одредбите од одобренијата и од Царинскиот закон, како и кон Уредбата за спроведување на Царинскиот закон. Катерина Попоска  

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Димитриеска-Кочоска: Немам информација дека доцни породилното

Димитриеска-Кочоска: Немам информација дека доцни породилното

Угостител од Чаир стана директор на „Номагас“

Угостител од Чаир стана директор на „Номагас“

ПРЕДНОВОГОДИШНО РИПНАЛЕ ЦЕНИТЕ НА УГОСТИТЕЛСКИТЕ УСЛУГИ: Еве што покажува статистиката

ПРЕДНОВОГОДИШНО РИПНАЛЕ ЦЕНИТЕ НА УГОСТИТЕЛСКИТЕ УСЛУГИ: Еве што покажува статистиката

ОД 11 ДЕКЕМВРИ НЕМА ПОВЕЌЕ ВОЗ НА ДЕЛНИЦАТА СКОПЈЕ-ЗЕЛЕНИКОВО: Почнува реконструкцијата на пругата

ОД 11 ДЕКЕМВРИ НЕМА ПОВЕЌЕ ВОЗ НА ДЕЛНИЦАТА СКОПЈЕ-ЗЕЛЕНИКОВО: Почнува реконструкцијата на пругата

РКЕ го намали надоместокот за мрежарина за електрична енергија

РКЕ го намали надоместокот за мрежарина за електрична енергија

ДОЦНА НАВЕЧЕР СЕ ПОТПИШУВАА РЕШЕНИЈА: Субвенции за набавка на клима уреди во Скопје

ДОЦНА НАВЕЧЕР СЕ ПОТПИШУВАА РЕШЕНИЈА: Субвенции за набавка на клима уреди во Скопје

КУПИЛ ДВЕ НАПУШТЕНИ ШТИПСКИ СЕЛА: Косовски бизнисмен бара од Владата да ја гради најголемата фотоцентрала

КУПИЛ ДВЕ НАПУШТЕНИ ШТИПСКИ СЕЛА: Косовски бизнисмен бара од Владата да ја гради најголемата фотоцентрала

АЛЕКСАНДАР МАНЕВ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „Кадарот го создава духот на компанијата“

АЛЕКСАНДАР МАНЕВ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „Кадарот го создава духот на компанијата“

Венецуела го зголеми дневниот извоз на нафта во ноември

Венецуела го зголеми дневниот извоз на нафта во ноември