Девојка од Теарце удри во автобус, тројца повредени
Објавено во: Македонија 28 Октомври, 2016
Три лица се повредени во сообраќајната несреќа што се случила вчера околу 15.30 часот, на автопатот Гостивар – Тетово на околу два километри до клучката за село Камењане.
Во сообраќајката учествувале автомобил „ауди“ со тетовски таблички што го управувала 16-годишна малолетничка од Теарце и автобус „сетра“ со гостиварски таблици управуван од А.Д. (43) од Скопје.
Девојката што го возела аудито и двете сопатнички од Тетово, на возраст од 17 и 18 години се здобиле со телесни повреди по што со медицинско возило биле пренесени и задржани за натамошно лекување во Тетовската клиничка болница. Третиот сопатник на возраст од 18 години поминал без повреди. Според првичните податоци, причина за сообраќајната несреќа е неприлагодена брзина според условите на патот односно пребрзо возење додека вкупната материјална штета се проценува на 200.000 денари,