19 Декември, 2025
0.1732

ДЕВОЈКАТА ПОРАДИ КОЈА СЕ РАЗДЕЛИЈА ПИКЕ И ШАКИРА ИМА МАКЕДОНСКО ПОТЕКЛО - таа засега ништо не коментира

Објавено во: Балкан 17 Јуни, 2022 12:05

Добивај вести на Viber

Една од најжешките теми во последните недели е несомнено изненадувачката разделба на Шакира и Жерар Пике. 

Парот, чија љубов изгледаше толку реална и непоколеблива, реши да ја заврши својата приказна по 12 години и 2 деца. 

И иако ја потврдија информацијата дека се разведуваат, и двајцата молчат на темата која е причината што доведе до прекин на нивната врска. Шакира и Пике никогаш не се венчале, но допрва треба да го поделат имотот. 

И тука доаѓа најинтересниот момент - ако дошло до предавство од Џерард, тогаш која е мистериозната убавица која успеала да и го украде на пејачот, макар на кратко? Според првичните информации, фудбалерот изневерил со млада, русокоса убавица која работи како келнерка. 

Но, како што пишуваат бугарските медиуми, меѓу кои и Woman.bg, тие дознале дека всушност вистината е малку поинаква и дека дамата која го растури семејството на Шакира, е темна убавица од Пловдив. 

Нејзиното име е Драгана Спасовска, која често сака да оди до Дубаи и токму таму го запознала Пике, кој ја посетил метрополата без својата сакана. 

Нивната последна средба била во ресторан пред Нова година. Нивните топли чувства ги издава и една фотографија од Драгана и Пике која се појави на социјалните мрежи. Информацијата не е официјално потврдена, но во шпанските медиуми силно се коментира дека фудбалерот и неговата склоност да се сопнува на различни жени, порано или подоцна би го уништиле неговото семејство со Шакира.

Нашиот медиум Фокус, пак, јавува дека Драгана е од татко Македонец и мајка Бугарка. 

Тие успеале од неа да земат и изјава. 

Нормално дека се познаваме со Пике, имаме и заеднички фотографии, тоа е нешто кое не можам да го демантирам. Во Бугарија веќе се објавија и фотографиите… Но, за сите други детали, за сето она кое деновиве ја бранува јавноста, не смеам да зборувам сега. Апсолутно ништо во врска со него сега не смеам да изјавувам и да давам никаков коментар. Приказната за нас е доста актуелна во Бугарија, но јас ниту би потврдила, ниту би демантирала во овој период, се надевам дека ме разбирате“, изјавила Спасовска за Фокус. 

Фото: Инстаграм


Можеби ќе ве интересира

Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?

Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?

(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби

(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби

Косово купува моќно американско оружје

Косово купува моќно американско оружје

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Евзони повторно затворен

Евзони повторно затворен