Добивај вести на Viber
Девојки во Србија гледаат филмови за возрасни и потоа им смислуваат наслови, а оваа работа им носи месечна заработувачка меѓу 500 и 1.000 долари, објави порталот 24сата.рс.
„Добиваш документ со неколку илјади линкови до видео-клипови, ќе ги одгледаш, ќе заклучиш што се случува и даваш наслов или краток опис. Секако се чини дека е поинтересно е од обичните работни места, но кога мораш сексуалниот чин да го опишуваш 1.000 пати на различен начин станува напорно“, вели Мирела Познановиќ која е дел од оваа мрежа.
Таа работи за американска компанија која уредува неколку илјади интернет страници со ваква содржина. Компанијата од вработените бара добро познавање на англискиот јазик, дури и на дијалектите, сленгот и синонимите, како и огромна креативност затоа што насловите не смеат да се повторуваат.
Ана Јеремиќ раноти како администратор на неколку илјади сајтови и ја контролира работата на модераторите. Нејзиниот тим го сочинуваат 25 луѓе од Србија кои работат за плата од најмалку 500 долари. Се работи осум часа на ден.
„Понекогаш мора да имаш отпорен желудник, но некогаш снимките се дури и едукативни. На пример, не можев ниту да замислам што се луѓето сметаат за фетиш“, вели Јеремиќ.
Како најдобра карактеристика на оваа професија таа наведува дека нема непотизам, за секој напредок си заслужен сам, а претпоставените знаат да ја наградат идејата и мотивацијата.