05 Декември, 2025
0.0394

Џоковиќ: Не го купивме целото магарешко сирење!

Објавено во: Агробизнис 30 Декември, 2012 12:02

Добивај вести на Viber

Најдобриот светски тенисер Новак Џоковиќ демантираше дека ја купил целата светска залиха на сирење од магарешко млеко. - Не очекував дека за оваа вест ќе се зборува толку и ќе привлече големо внимание во медиумите. Не е во целост точно дека ја купивме комплетната светска понуда на магарешко сирење, иако ова беше прв пат кога слушнав дека вакво нешто постои, изјавил Џоковиќ. Тој истакнал дека луѓето кои го произведуваат ова сирење му го понудиле овој производ за ланецот на ресторани Новак, но дека не е вистина дека неговото семејство ја купило целата залиха. -Луѓето дојдоа со понудата во нашиот ресторан и понудија соработка, тоа е се. Сеуште размислуваме околу тоа и не е вистина дека веќе сме ја купиле залихата, објаснил тенисерот. Џоковиќ за  српските медиуми признава дека е голем љубител на ова сирење. -Ова е многу скапо но и вкусно сирење со одличен квалитет. Слушнав дека млекото за сирењето се молзи од магарицата, но не бев сигурен дека е возможно да се направи, изјавил Новак. "

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина

ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина

Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?

Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?