Добивај вести на Viber
Пет години едно од најплодното земјиште во земјава, во Овчеполието стои необработено.
Откако во 2011 година најголемиот агрогомбинат Џумајлија банкротираше, земјиштето со површина од 5.000 хектари остана запуштено. Во 2012-та година агрокомбинатот отиде под стечај, а веќе следната година Владата склучи договор со индискиот бизнисмен Субарата Рој кој ја најави најголемата инвестиција во македонското земјоделство вредна 211 милиони евра.
Две години по најавата освен првата бразда изорана свечено во присуство на високи владини функционери, ни педа од земјиштето не се обработи, а не се донесоа ниту најавените 20.000 крави. Дури годинава ресорното министерство го раскина договорот со Субрата Рој. Пред три месеци се објави оглас за продажба на земјиштето во Џумајлија, но купувач сеуште не е најден. Се работи за четери географски целини со вкупна површина 4.000 хектари.
Според условите во огласот во првата географска целина инвеститорот е обврзан да изгради краварска фарма и да вложи најмалку шест милиони евра и ова земјиште ќе биде дадено под закуп 15 години. Намената на останатите три целини е за различни земјоделски култури, но и таму инвеститорите мора да вложат најмалку два милиона евра во преработувачки капацитет кој ќе им биде на располагање и на земјоделците од другите региони.
Временскиот закуп за овие три целини е зависно од намената- за одгледување долгогодишни насади како лозје и овошки закупот е над 30 години, за житни култури 15 години, за маслинарници 50 години, за лешници 70 години.Огласот ќе трае два месеци. Минатиот месец заврши огласот, не е познато кога ќе биде електронската аукција, единствено дека имало интерес од неколку странски и домашни компании.
Извори за Фактор брифираат дека предметот бил предаден во Влада.
Агроекспертите посочуваат дека додека се чекаше бизнисменот Рој да почне со инвестициите, пропаднаа четири реколти, што е погубно за домашното производство на жита но и на други култури, во услови кога земјава троши милионски суми за увоз на храна. Според математиките ако од еден хектар просечниот принос е 3 тона жито, тогаш од жетвата ќе се добиеја барем 15.000 тони, количина за колку што годишно е зголемен увозот на жито.
Ј.С
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва: