19 Декември, 2025
0.1499

„Die Welt“: Бугарската мафија ја снабдува со пасоши “Исламска држава”

Објавено во: Балкан 02 Јули, 2015 22:08

Добивај вести на Viber

Бугарија има сериозен проблем со корупцијата до највисоките раководни нивоа.

Бугарската мафија е силен властен фактор во земјата. Нејзин специјалитет се трговијата со оружје и дрога, проституцијата и трговијата со луѓе. Исламска држава се снабдува со пасоши од бугарската мафија. Ова се вели во обемен материјал на авторитетниот германски весник Die Welt.

Три се главните влезни патишта во Европа низ кои минуваат луѓето на Исламската држава. Првиот тргнува од Сирија, поминува низ Босфор и влегува во Грција. Вториот пат поминува низ малите држави на поранешна Југославија. И третиот, можеби актуелен, минува низ Бугарија, пишува уште Die Welt.

Општо познато е дека од моментот во кој бегалците добијат азил во Германија, тие можат слободно да се движат и да работат во земјата. Поседување на сириски пасош е сè што им треба терористите, се вели во статијата .

Токму овој пасош е речиси сигурен и автоматски гарант за добивање на азил. Еден таков пасош на црниот пазар чини околу 1.200 евра, а во оваа цена се вклучува и лична карта. Документите се вистински. Освен тоа терористите евентуално можат и сами да си го произведат колку што владеат со цели провинциски престолнини и нивните служби, додава авторот на статијата.

Бегалскиот трик е изгледа совршен трик, а Грција - совршена рута за џихадисти. Но бугарската врска не е само најголем авантуристичка, но и најопасна за Европа. Никакви згрижувачките кампови, никакви проверки на идентитетот и олеснувања на патување во целата Унија. И сето тоа благодарение на бугарскиот пасош, со кој никако не е тешко да се здобијат, се вели во текстот . Како најсиромашна европска држава, Бугарија е особено погодна за нелегални активности, вели весникот и додава дека државата има многу сериозен проблем со корупцијата и до највисоките раководни нивоа. Освен тоа важечка и на меѓународно ниво бугарска мафија е силен властен фактор во земјата. Таа одржува добри врски со криминални групи во Русија, Србија и Италија. Нејзин специјалитет се трговијата со оружје и дрога, проституцијата и трговијата со луѓе.

"ИД се снабдува со пасоши од бугарската мафија", тврди Лоренц Бергер, постапувајќи во Блискиот Исток од некое време прикриен како агент за неколку европски тајни служби. "Бугарските гангстери заработиуваат меѓу 20.000 и 30 000 евра за еден пасош. Во Бугарија се уште можат да се остваруваат контакти со тајните служби, што се должи на старите времиња", тврди Бергер, имајќи го предвид времето на студената војна. "Во раководството на ИД има и поранешни офицери на режимот на Садам Хусеин. Сите тие учеле своевремено во земјите од Источниот блок, многу од нив - во ГДР. По падот на Берлинскиот ѕид, многу од старите источни шпиони отидоа во Блискиот Исток."

Исламската држава многу добро знае како се одржуваат деликатни и опасни воени операции. ИД не дејствува како герилска група, туку како држава, тврди Бергер.

Може да изгледа речиси како гротеска дека евентуалните денешни терористички дејствија на територијата на СРГ може да се засноваат на размената на информации со Штази (Државна безбедност на ГДР). "Тајните служби на Источниот блок беа многу професионални", вели Бергер. Тој повеќе нема да се враќа во Сирија, каде што бил во заробеништво некое време.

 Дописникот на Die Welt опишува како Бергер се среќава на аеродромот во градот крај Босфор со свој познаник, кого не го видел доста време - Раду, така се вика  човекот, враќајки од Танзанија. Но никој од властите не му обрнува внимание.

Следната голема битка се приближува кон Европа, завршува материјалот на Алфред Хакенбергер.

Можеби ќе ве интересира

Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?

Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?

(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби

(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби

Косово купува моќно американско оружје

Косово купува моќно американско оружје

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Евзони повторно затворен

Евзони повторно затворен