12 Октомври, 2024
0.0256

Интервју, Никица Мојсоска-Блажевски

Дигитализацијата е моментална потреба, а не иднa аспирациja

Објавено во: Мои пари 20 Септември, 2024

Добивај вести на Viber

Според Светскиот Економски Форум, дигиталната трансформација може да генерира до 100 трилиони американски долари во општествена и индустриска вредност до 2025 година. За микро, малите и средните претпријатија (ММСП), овој потенцијал е клучен чекор за опстанок и конкурентност на пазарот, бидејќи тие се првите, кои ги чувствуваат големите пазарни промени, предизвикани од новите технологии и иновации. Долгорочниот успех ќе им припадне на оние, кои храбро и навремено ги прилагодуваат своите операции на барањата на дигиталната трансформација.

Во Македонија, ова прашање го адресира организацијата Macedonia2025, која го покрена проектот GoDigital со цел да им помогне на ММСП во нивната транзиција кон дигиталниот екосистем. Разговаравме со Никица Мојсоска-Блажевски, извршниот директор на Macedonia2025, за целите и мисијата на оваа платформа, проектните партнери и зошто е важно сите учесници на пазарот да се вклучат во овој процес.

1. Кои се главните цели на иницијативата GoDigital и како тие се вклопуваат во визијата на Macedonia2025?

GoDigital претставува иновативна платформа покрената од Macedonia2025 со цел да обезбеди сеопфатна поддршка на ММСП во Македонија, за време на нивната дигитална трансформација. Идентификувавме дека на компаниите им е потребна клучна поддршка во имплементацијата на нови технологии и дигитални алатки, за да се прилагодат на брзоменливиот пазар и да добијат конкурентна предност, а на крајот да пристапат кон глобалната економија. Оваа програма е клучен дел од опсежнатамисија на Macedonia2025, за интегрирање на локалните бизниси во модерните процеси и трендови, придонесувајќи за економски раст, создавање подобри деловни можности и подобрување на бизнис околината во Македонија, како и поттикнување на иновации во државата.

2. Зошто сметате дека дигитализацијата на малите и средните претпријатија е важна и кои се главните придобивки за економијата и општеството?

Дигитализацијата на ММСП е фундаментална за нивниот опстанок и раст во современата економија. Со прифаќање на дигиталните решенија, овие компании значително можe да ја подобрат својата оперативна ефикасност, да се прилагодат на променливите пазарни услови и да пристапат кон нови деловни сегменти. Организациите мора да разберат дека работиме во континуирано променлива околина, која бара чести и понекогаш неудобни промени во навиките, размислувањата и деловните практики. Затоа, бизнисите не треба да се задоволуваат само со користење на дигитални алатки, туку треба да се стремат кон целосна дигитална трансформација, применувајќи го достапното знаење во сите аспекти на бизнисот за зголемување на ефикасноста и создавање нова вредност. На економско ниво, дигитализацијата на бизнисите води до зголемена конкурентност, создавање на нови работни места и поттикнување на иновации, што на крајот придонесува за повисок општествен и економски стандард.

3. Кои компании треба да аплицираат за оваа програма и зошто?

Секоја компанија, која сака да го подобри нивото на својата дигитална трансформација и да ги оптимизира деловните процеси преку интеграција на современи технологии, е потенцијален кандидат за нашата програма. Првично, ќе се фокусираме на успешни компании со повеќе од 10 вработени, позитивни финансиски резултати и одреденониво на дигитализација. Приоритет ќе имаат производствените фирми, кои генерираат поголема додадена вредност, како и оние, кои се вклучени, или стремат кон вклучување во извозни активности. Во мала економија како македонската, извозот е клучен за зголемување на производството и раст на бизнисот, притоа тоа е единствениот начин за забрзување на економскиот развој. Покрај овие специфични и мерливи критериуми, посветеноста и ангажманот на менаџерите, или сопствениците се клучни во процесот на селекција. Веруваме дека успешната дигитализација не може да се постигне без одлучно лидерство и разбирање дека краткорочните инвестиции во дигитализацијата носат долгорочни позитивни резултати.

4. Колку е важна поддршката на компаниите за оваа иницијатива?

Поддршката од компаниите е клучна за успехот на дигиталните трансформации. За да се постигнат значајни резултати, менаџерите и клучниот персонал мора целосно да ја разберат важноста на дигитализацијата и активно да се вклучат во процесот. Според McKinsey, 70% од дигиталните трансформации пропаѓаат поради отпор од вработените. Затоа, клучно е компаниите, со помош на консултанти и надворешни фактори, активно да учествуваат во трансформацијата. Менаџерите не треба само да ги прифаќаат промените, туку искрено да ги поддржуваат и веруваат во нив. Континуираното прилагодување и подобрување на деловните практики, се од суштинско значење за долгорочен успех и раст.

Visa, лидер во дигиталните плаќања, е посветена на унапредување на дигиталните капацитети и модернизација на деловните операции. Како партнер во оваа иницијатива, Visa е посветена на придонесување кон идните извонредни резултати и конкурентноста на малите и средни претпријатија на македонскиот пазар. „За сите претприемачи, кои учествуваат во програмата GoDigital, ќе обезбедиме основна поддршка и дигитални алатки за да им помогнеме да ги надминат предизвиците, да пристапат кон нови пазари и клиенти и да ги модернизираат своите бизниси. Оваа иницијатива претставува не само можност за раст и развој, туку и чекор кон зајакнување на вкупната економија и создавање на поодржлив екосистем на нивниот бизнис. Ги охрабруваме сите претприемачи да ја искористат оваа можност, да аплицираат и заедно со нас да тргнат на патот кон градење стабилна дигитална иднина“, изјави Ана Драшковиќ, потпретседател и генерален менаџер на Visa за регионот на Југоисточна Европа.


5. Дали сметате дека малите и средните бизниси, кои се вклучени во иницијативата GoDigital, повеќе ќе имаат корист од менторската и советодавната поддршка, или од финансиските грантови?

Двете компоненти се круцијални, но менторската и советодавната поддршка имаат длабоко и долгорочно влијание врз деловните операции. Преку менторство, компаниите стекнуваат вредно знаење и вештини, кои им овозможуваат успешно да се прилагодат на тековните пазарни промени, додека финансиските грантови обезбедуваат ресурси за практична примена на ова знаење. Убедена сум дека најкритичниот дел од дигиталната трансформација е менување на мисловниот процес во компаниите — и кај менаџерите и кај вработените. Ова не може да се постигне само со финансиска поддршка. Токму затоа програмата GoDigital е исклучително посебна; менторската и советодавната поддршка се од врвно значење и им обезбедуваат значајна додадена вредност на компаниите. Нашата уникатна понуда на висококвалитетни консултантски услуги по субвенционирани цени,нѐправи пионери во оваа област. Консултантите на GoDigital се меѓународно признати со CDTE (Сертифициран експерт за дигитална трансформација), како би можеле да работат со компаниите и да развиваат стратегии за нивната дигитална трансформација.


Можеби ќе ве интересира

Продолжен викенд со супер попусти во Fashion Group

Продолжен викенд со супер попусти во Fashion Group

ПОВЕЌЕ ОД 1 МИЛИОН ЕВРА, ДОБИЈА ИГРАЧИТЕ НА ВЛТ ВО СЕПТЕМВРИ

ПОВЕЌЕ ОД 1 МИЛИОН ЕВРА, ДОБИЈА ИГРАЧИТЕ НА ВЛТ ВО СЕПТЕМВРИ

„Реплек“ на саемот на фармација CPHI – зајакнување на извозните позиции и освојување нови пазари

„Реплек“ на саемот на фармација CPHI – зајакнување на извозните позиции и освојување нови пазари

ТАВ АЕРОДРОМИ ДОНИРАШЕ 160 ОБРОЦИ ЗА БЕЗДОМНИ ЛИЦА НА ПУНКТОТ МОМИН ПОТОК НА ЦРВЕНИОТ КРСТ

ТАВ АЕРОДРОМИ ДОНИРАШЕ 160 ОБРОЦИ ЗА БЕЗДОМНИ ЛИЦА НА ПУНКТОТ МОМИН ПОТОК НА ЦРВЕНИОТ КРСТ

Дали знаете дека никотинот е содржан во храната што ја консумирате секој ден? Погледнете кои се тие производи

Дали знаете дека никотинот е содржан во храната што ја консумирате секој ден? Погледнете кои се тие производи

Разговор со Сатја Грабулоски, креативниот ум позади новиот Red Bull Half Court терен во Влае

Разговор со Сатја Грабулоски, креативниот ум позади новиот Red Bull Half Court терен во Влае

Ревија на торти и пица шампионат во Веро центар

Ревија на торти и пица шампионат во Веро центар

Стојановиќ од „Макпетрол“ ќе се бори за бронза на Светското карате првенство во Венеција

Стојановиќ од „Макпетрол“ ќе се бори за бронза на Светското карате првенство во Венеција

Регионален B2B самит во Сараево: над 500 учесници и одржани повеќе од 700 состаноци - ProCredit Connect извонреден успех

Регионален B2B самит во Сараево: над 500 учесници и одржани повеќе од 700 состаноци - ProCredit Connect извонреден успех