05 Декември, 2025
0.0439

Дигитализација: Нема гледање телевизија со собна антена

Објавено во: Економија 16 Ноември, 2012 12:20

Добивај вести на Viber

Поквалитетен сигнал, зголемен број телевизиски програми од сегашните 49 на 400, повеќе фрекфенции и дополнителни сервиси, треба да овозможи процесот на дигитализација во Македонија, беше посочено на денешната дебата која ги собра на иста маса сите засегнати во процесот. Според плановите, овие придобивки треба да бидат достапни од 1 јуни следната година за сите  македонски граѓани кои ќе ја следат телевизиската програма преку дигитален сигнал. Компанијата ОНЕ е избрана за оператор, а Советот за радиодифузија (СРД) наскоро треба да усвои план за намена и распределба на радиофрекфенции на дигиталниот терестријален мултиплекс, додека Агенсијата за електронски комуникации (АЕК) ќе биде регулатор, односно ќе ја утврдува оправданоста на цената што ќе ја нуди ОНЕ. Операторот веќе исплати 300.000 евра за дозволата за оперирање, а со милион евра гарантира дека ќе постави мрежа и опрема за дигитализацијата. Според Министерот за информатичко општество и администрација Иво Ивановски, ОНЕ има обврска сигналот на телевизиите да го емитува или во стандарден формат или со висока дефиниција на формат, а со тоа граѓаните ќе имаат ист квалитет на сигналот како тие во Европската унија. Како што изјави претседателот на СРД Зоран Трајчевски, веќе е изработен нацрт планот за намена и распределба на радиофрекфенции на дигиталниот терестријален мултиплекс, што СРД треба да го уссвои наскоро како стратешки документ за спроведување на дигитализацијата. Тој исто така посочи дека СРД е отворени за да им помогне на медиумите во преминот од аналогно кон дигитално емитување. Краен рок за исклучување на аналогното емитување на телевизиските содржини во Европа е 2015 година.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Димитриеска-Кочоска: Немам информација дека доцни породилното

Димитриеска-Кочоска: Немам информација дека доцни породилното

Угостител од Чаир стана директор на „Номагас“

Угостител од Чаир стана директор на „Номагас“

ПРЕДНОВОГОДИШНО РИПНАЛЕ ЦЕНИТЕ НА УГОСТИТЕЛСКИТЕ УСЛУГИ: Еве што покажува статистиката

ПРЕДНОВОГОДИШНО РИПНАЛЕ ЦЕНИТЕ НА УГОСТИТЕЛСКИТЕ УСЛУГИ: Еве што покажува статистиката

ОД 11 ДЕКЕМВРИ НЕМА ПОВЕЌЕ ВОЗ НА ДЕЛНИЦАТА СКОПЈЕ-ЗЕЛЕНИКОВО: Почнува реконструкцијата на пругата

ОД 11 ДЕКЕМВРИ НЕМА ПОВЕЌЕ ВОЗ НА ДЕЛНИЦАТА СКОПЈЕ-ЗЕЛЕНИКОВО: Почнува реконструкцијата на пругата

РКЕ го намали надоместокот за мрежарина за електрична енергија

РКЕ го намали надоместокот за мрежарина за електрична енергија

ДОЦНА НАВЕЧЕР СЕ ПОТПИШУВАА РЕШЕНИЈА: Субвенции за набавка на клима уреди во Скопје

ДОЦНА НАВЕЧЕР СЕ ПОТПИШУВАА РЕШЕНИЈА: Субвенции за набавка на клима уреди во Скопје

КУПИЛ ДВЕ НАПУШТЕНИ ШТИПСКИ СЕЛА: Косовски бизнисмен бара од Владата да ја гради најголемата фотоцентрала

КУПИЛ ДВЕ НАПУШТЕНИ ШТИПСКИ СЕЛА: Косовски бизнисмен бара од Владата да ја гради најголемата фотоцентрала

АЛЕКСАНДАР МАНЕВ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „Кадарот го создава духот на компанијата“

АЛЕКСАНДАР МАНЕВ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „Кадарот го создава духот на компанијата“

Венецуела го зголеми дневниот извоз на нафта во ноември

Венецуела го зголеми дневниот извоз на нафта во ноември