ДИК ГИ ПОВИКУВА ДА СЕ ПРИЈАВАТ: Досега само 540 гласачи од дијаспората сакаат да гласаат на изборите
Објавено во: Македонија 24 Октомври, 2016
До 11 ноември иселениците или дијаспората имаат фора да се пријават по електронски пат со што ќе се стекнат со можноста да гласаат на претстојните парламентарни избори закажани за 11 декември.
Заклучно денес, на страната на ДИК аплицирале 540 граѓани .
Од нив, според достапните податоци 217 пријави се прифатени, 19 пријави се одбиени, додека 304 пријави се во фаза на обработка.
ДИК упати апел со сите граѓани кои се на привремена работа или престој во странство, да се пријават за гласање кои ќе се одвива во дипломатско-конзуларните претставништва на Република Македонија во странство односно конзуларните канцеларии.
Ова е страната каде што може да се пријавите, доколку и вие привремено не сте во земјава, а сакате да го искористите своето гласачко право https://dijaspora.sec.mk