20 Декември, 2025
0.0551

Диме Спасов баксуз на 2016

Објавено во: Македонија 01 Јануари, 2017 08:30

Добивај вести на Viber

Ако некој сака што побрзо да замине 2016 година, тоа сигурно е малерозниот поранешен министер Диме Спасов. Оваа година му донесе се’ само не среќа. Кај што остана без министерската функција, која согласно пржинскиот договор, му ја зеде Фросина Ременски од СДСМ, туку и во приватниот живот доживеа многу неславни моменти.

На 28 октомври Спасов беснееше по скопските улици како опасен фраер, а не како кроткиот министер за труд и социјала, како што го знаеше јавноста. Со службен џип „Туарег“, сопственост на Агенцијата за вработување, и со млада сопатничка на совозачкото седиште, Спасов предизвика две сообраќајни несреќи, а потоа избега оставајќи ја пријателката на цедило.

Овој настан доби холивудска режија, откако инволвираните неколку пати ги менуваа изјавите за тоа кој возел, кој го бркал Спасов, зошто избегал. ВМРО-ДПМНЕ не знаеше како да го извади од калта грешниот министер, па на крај извади верзија дека го бркале осудени криминалци и едвај спасил жива глава.

„Бејби фејс“ министерот со денови беше топ тема за исмејување на социјалните мрежи, а опозицијата од него побара засекогаш да си замине од политиката.

„Диме, тебе само мајка ти може да те брка за да те нарани со боранија“. „Овој случај е само доказ дека му е потребен надзор од родител или стараател“. „Сум бил во кафана, сум се направил Диме Спасов“, беа дел од илјадниците коментари на граѓаните.

Младиот министер, пред да ја направи глупоста таа кобна ноќ за него, беше  форсиран во неговата партија ВМРО-ДПМНЕ, како еден од младите надежни кадри во партијата, кои беа туркани во првите редови. За неговото име не се врзуваа никакви скандали или инциденти, но по критичната вечер  „сиромашкиот“ не го ставија ни на листата на кандидати за пратеници.

Спасов 2016 може да ја памети како година во која си ја запечати политичката кариера уште пред вистински да почне.


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки

ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа

ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки