Диме Спасов возврати со кривични пријави за наводна група која го бркала!
Објавено во: Македонија 30 Октомври, 2016
Заменикот Министер Диме Спасов поднел кривична пријава до неколкумина луѓе, за кои тој тврди дека се насилниците кои вчеравечер го нападнале и бркале возилото во кое се превезувал Спасов.
Дел од медиуите тврдат и дека вината е во полицијата која не успеала да ги забележи сите случувања ноќта.
„Во целиот случај МВР под раководство на Спасовски има направено сериозни пропусти и овој случај беше злоупотребен од страна на СДСМ, водејќи валкана и приземна политичка кампања против Спасов“ пишува Курир.
Вчера Диме Спасов направи неколку сообраќајки и и побегна на полицијата кога беше сопрен. Спасов, според полициското соопштение побегнал трчајќи, но неговата сопатничка останала во полиција и дала исказ. Спасов и сопатничката се движеле од Градски стадион до Тафталиџе во улицата Алжирска каде биле сопрени од полицијата. Првата сообраќајка била кај Градски стадион, од каде е добиена и првата пријава од оштететен граѓанин.
Вчера Спасов даде исказ во полициска станица Карпош. а таму изјави дадоа и други кои беа инволвирани во настаните.