Димитриевски: Имаме уште двајца починати наши сограѓани во Куманово
Објавено во: Македонија, Корона Вирус 06 Април, 2020
Уште двајца кумановци ја изгубиле битката со корона вирусот, изјави вечерва градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски во гостувањето на Топ Тема на Телма.
„Пред самото вклучување во емисија добив информација од Центарот за јавно здравје дека имаме уште двајца починати наши сограѓани во Куманово“, рече Димитриевски.
Тој изрази сочувство до семејствата.
Претходно, беше соопштено дека денеска има три жртви во Македонија.