Димитриевски: Tие што немаат можност да се снабдат со најнеопходното ќе добијат асистенција
Објавено во: Македонија, Корона Вирус 03 Април, 2020 21:36
Градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски попладнево на Фејсбук пишува дека одлуката за ограничување во движење е неопходна, треба сите да ја почитуваме за да се спречи пандемијата.
„Дали требаше да се најави, да секако, општинскиот штаб за заштита и спасување тоa го бара уште од 22 Март, тоа што поединци целово оваа време неодговорно се однесуваат и не ги почитуваат препораките и мерките на штабот и Владата не доведува сите во сеопшта опасност од пандемија. Треба да сме свесни и дисциплинирани можеме да издржиме до понеделник, тие што немаат можност да се снабдат со најнеопходното ќе добијат асистенција овие два дена. Колективното здравје е приоритет број еден.
Жалам за сето ова низ што поминуваме сите заедно. Апелирам на смиреност и без паника ќе го надминеме и ова. Целта е да го спречиме ширењето на вирусот, држете дистанца и останете дома“, пишува Димитриевски.
Неколку кумановци починаа од опасниот вирус, а бројот на заразени се зголемува. Инфицирани се и 11 здравствени работници.
Првата жртва беше 57 годишна жена од Куманово, а и попладнево стигна потврда дека пациентот кој почина попладнево бил заразен.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
САД го прошируваат списокот на земји на чии граѓани им се забранува влез
„БЕДА НА БАТЕРИИ“: Дуковски го нарече Фрчкоски политички шанер и блефер
КАКО ЌЕ КАЗНУВА ПОЛИЦИЈАТА СПОРЕД СЕЈФ СИТИ? Имате „шанса за помилување“ само ако се борите за живот
„ДО КАЈ СИ СО КИТЕЊЕТО?“Клучна реченица која го одразува владеењето на ВМРО ДПМНЕ, вели Фрчковски
„ЗАЕВ ЈА ФИНАНСИРА ВОЈНАТА ВО УКРАИНА“: Груевски со шокантни обвинувања до екс премиерот на Македонија
(ВИДЕО) ЈОРДАНОВ СЕ ПОФАЛИ: Еве како новогодишно го украси Штип
УТРЕ ДА ГИ ВНЕСЕМЕ БУГАРИТЕ ВО УСТАВ, ПРАШАЊЕ Е ДАЛИ ЗА 3,6 ИЛИ 9 МЕСЕЦИ ЌЕ ИМАМЕ НОВ УСЛОВ: Мицкоски за уставните измени
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Одбраната на поранешните градоначалници Папазов и Илијев тврди дека немале никаква надлежност и одговорност за „Пулс“
CNN ЗА МАКЕДОНИЈА: Постои една прекрасна јужноевропска земја со вкусна храна и одлично вино





