10 Октомври, 2024
0.0295

Димитриоска-Кочоска: Нема пари за ЕСМ, ќе се задолжува кај комерцијални банки

Објавено во: Економија 10 Октомври, 2024

Добивај вести на Viber

Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска на денешната прес-конференција по повод 100 дена од работењето потврди дека државниот буџет повеќе нема да го субвенционира АД ЕСМ,туку дека државните електрани ќе се задолжуваат со кредити кај домашните деловни банки преку бизнис идеи и планови.

Таа не открива детали за Предлог-буџетот за 2025 година, но вели дека пари за ЕСМ во новиот буџет не се планирани. Парите ќе треба ЕСМ да ги обезбеди преку комерцијалните банки, а министерката за финансии вели дека банките го поддржуваат секој што има визија и план. 

- Останувам на ставот дека пари од Буџетот нема да одат кон ЕСМ, а понатаму ќе видиме дали комерцијалните банки ќе одобрат или нема да одобрат кредити. Мислам дека тоа е веќе договорено и дека помина и на последната владина седница. Бидејќи бев во Будимпешта и целосно посветена на потпишувањето на кредитот, не ја следев комплетно ситуацијата, односно состојбата и одлуките на Владата, но, по мои информации, требаше да биде помината информација за ЕСМ дека ќе си ги обезбедат средствата од синдицирани заеми од комерцијалните банки. Јас воопшто не се сомневам дека имаат можности. Страшното е кога немате план и визија,тогаш ниедна банка не ве поддржува, но ако имате добри бизнис планови како ја гледате иднината на компанијата, тогаш банките може да го сменат размислувањето и да ве поддржат. Суштината е во тоа како ве гледаат и оценуваат банките. Доколку имаат доверба во вас не значи тоа што компанијата е толку задолжена. Точно е тоа дека компанијата буквално е уништена од претходната влада, но благодарение на новиот менаџмент и новиот директор, се реорганизираат и банките тоа го препознаваат, истакна Димитриеска-Кочовска. 

Минатата недела и министерката за енергетика Сања Божиновска како одговор на новинарско прашање рече дека ќе бидат потребни финансиски средства за справување со грејната сезона, бидејќи електростопанството поради лошата состојба со РЕК Битола во континуитет од септември мара да набавува поголеми количини на електрична енергија.

- Следните седум дена ќе правиме точен енергетски биланс и се надеваме дека ќе ги имаме точните бројки за потребна електрична енергија. Сето тоа зависи и од хидрологијата. Во моментов акумулациите се полни само со 24 отсто што воопшто не е во ред, меѓутоа може да се наполнат акумулациите ако ноември е дождлив. Што се однесува за финансии - со премиерот имаме дискутирано и тука, иако не е финализирано, имаме добри шанси да набавиме финансиски средства. Се уште немаме разговарано како, но ќе бидат домашните банки, рече Божиновска.


Можеби ќе ве интересира

ОТПОВИКАНИ ДВАЈЦА ЧЛЕНОВИ НА НАДЗОРНИОТ ОДБОР НА М-НАВ - на нивно место дојдоа Горан Јандреоски и Милорад Милановиќ

ОТПОВИКАНИ ДВАЈЦА ЧЛЕНОВИ НА НАДЗОРНИОТ ОДБОР НА М-НАВ - на нивно место дојдоа Горан Јандреоски и Милорад Милановиќ

ФИРМИТЕ НЕКА ДАДАТ КОНКРЕТНИ ИМИЊА КОМУ МУ ДОЦНИ ПОВРАТОТ НА ДДВ - првата финансиерка вели дека редовните плаќачи навреме си ги добиле средствата

ФИРМИТЕ НЕКА ДАДАТ КОНКРЕТНИ ИМИЊА КОМУ МУ ДОЦНИ ПОВРАТОТ НА ДДВ - првата финансиерка вели дека редовните плаќачи навреме си ги добиле средствата

ДЕНЕСКА ИМ ЛЕГНУВААТ ПАРИ НА НАЈГОЛЕМАТА ГРУПА ПЕНЗИОНЕРИ ВО СРБИЈА - еве кому ќе му се наполнат паричниците, а исплати ќе има и утре

ДЕНЕСКА ИМ ЛЕГНУВААТ ПАРИ НА НАЈГОЛЕМАТА ГРУПА ПЕНЗИОНЕРИ ВО СРБИЈА - еве кому ќе му се наполнат паричниците, а исплати ќе има и утре

„ЌЕ МОЖАМ ЛИ ДА СИ ГО ПЛАТАМ СТАНОТ“, СТРАВОВИТЕ ОД ПОСКАПУВАЊЕ ГИ ПАРАЛИЗИРААТ ГЕРМАНЦИТЕ - но еве и што друго ги вознемирува

„ЌЕ МОЖАМ ЛИ ДА СИ ГО ПЛАТАМ СТАНОТ“, СТРАВОВИТЕ ОД ПОСКАПУВАЊЕ ГИ ПАРАЛИЗИРААТ ГЕРМАНЦИТЕ - но еве и што друго ги вознемирува

МОРА ДА ЈА ПЛАТИ КАЗНАТА КОЈА ДОСТИГНУВА 2,4 МИЛИЈАРДИ ЕВРА: Гугл го загуби спорот против ЕУ

МОРА ДА ЈА ПЛАТИ КАЗНАТА КОЈА ДОСТИГНУВА 2,4 МИЛИЈАРДИ ЕВРА: Гугл го загуби спорот против ЕУ

Започнува издавањето на гаранции, македонскиот бизнис ќе плаќа скапи царини за извоз ако ги нема

Започнува издавањето на гаранции, македонскиот бизнис ќе плаќа скапи царини за извоз ако ги нема

Големата метла наскоро во ГТЦ! Кому му се стемни, а на кого ќе му се раздени?

Големата метла наскоро во ГТЦ! Кому му се стемни, а на кого ќе му се раздени?

ОВОЈ ЈУГОСЛОВЕНСКИ ГИГАНТ НЕ СЕ ДАВА: Прогласи стечај, па продолжи да работи

ОВОЈ ЈУГОСЛОВЕНСКИ ГИГАНТ НЕ СЕ ДАВА: Прогласи стечај, па продолжи да работи

Партиски профил на ВМРО-ДПМНЕ стана директор на четвртиот најголем рудник во Македонија

Партиски профил на ВМРО-ДПМНЕ стана директор на четвртиот најголем рудник во Македонија