10 Октомври, 2024
0.0485

Големата метла наскоро во ГТЦ! Кому му се стемни, а на кого ќе му се раздени?

Објавено во: Економија 10 Октомври, 2024

Добивај вести на Viber

За еден месец од сега ГТЦ ќе добие нов менаџерски тим, потврдено е со објавата за закажано акционерско собрание на берзата. Според најновите официјални податоци, ГТЦ за првата половина од годинава, заработил два милиони евра, а завршил со добивка од 100.000 евра. Најголема приходна ставка, на поранешниот трговски гигант, е наплатата на паркинг просторот во подземната гаража

Државниот Градски трговски центар (ГТЦ) ќе бира ново раководство за еден месец од сега. Потврдата е веќе официјална и е достапна во целост и на информацискиот систем на берзата СЕИ-НЕТ.

Според објавата на 11 ноември е закажана седница на акционерското собрание на која најголемиот акционер – државното АД за стопанисување со деловен простор ќе избере нов директорски борд.

Во објавените информации нема предлози за нови членови на органот на управување. Но затоа е познато кој ќе ги напушти директорските фотељи. Тоа се: Ѓоко Трајчевски, извршен член на бордот, Трајанка Тасевска, Бранко Цветановски, Стојан Станиславски и Насер Алиу. Овие лица беа поставени на раководни позиции од претходната власт и како што кај нас редовно се практикува, по секоја смена на власта на централно ниво, се менуваат и речиси сите функционери односно именувани лица на позиции со кои управа централната власт.

Кои се новите лица на ГТЦ останува да видиме наскоро кога ќе бидат објавени предлозите за членови на Одборот на директори.

ГТЦ е компанија која порано беше трговска гордост на Скопје. И сега е едно од најфреквентните места, но неговата репутација не е ниту сенка од тоа што била пред дваесетина и повеќе години. ГТЦ е компанија која најмногу приходува од одржување што го наплаќа од кираџиите и од корисниците на околу 560 деловни единици (н.з. дуќани, кафиќи, ресторани).

Најголема приходна ставка е паркингот пред приходите од издавање деловен простор. Камен околувратник на државната компанија е превработеноста. А тоа е потврдено и во извештајот на директорите. Но, заради мир во политичките коалиции на власт досега никој не посегаше да го решава најголемиот проблем. ГТЦ има дури 194 вработени, а главна дејност му е да одржува деловни простори во вкупна површина од 46.000 квадратни метри. Безмалку 50 отсто од целиот расход е за плати на вработените.

Повеќе детали за работата на ГТЦ лани на следниот линк https://faktor.mk/za-zalenje-li-e-drzavniot-gtc-samo-od-parkingot-lani-naplati-nad-500000-evra

Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

ОТПОВИКАНИ ДВАЈЦА ЧЛЕНОВИ НА НАДЗОРНИОТ ОДБОР НА М-НАВ - на нивно место дојдоа Горан Јандреоски и Милорад Милановиќ

ОТПОВИКАНИ ДВАЈЦА ЧЛЕНОВИ НА НАДЗОРНИОТ ОДБОР НА М-НАВ - на нивно место дојдоа Горан Јандреоски и Милорад Милановиќ

ФИРМИТЕ НЕКА ДАДАТ КОНКРЕТНИ ИМИЊА КОМУ МУ ДОЦНИ ПОВРАТОТ НА ДДВ - првата финансиерка вели дека редовните плаќачи навреме си ги добиле средствата

ФИРМИТЕ НЕКА ДАДАТ КОНКРЕТНИ ИМИЊА КОМУ МУ ДОЦНИ ПОВРАТОТ НА ДДВ - првата финансиерка вели дека редовните плаќачи навреме си ги добиле средствата

Димитриоска-Кочоска: Нема пари за ЕСМ, ќе се задолжува кај комерцијални банки

Димитриоска-Кочоска: Нема пари за ЕСМ, ќе се задолжува кај комерцијални банки

ДЕНЕСКА ИМ ЛЕГНУВААТ ПАРИ НА НАЈГОЛЕМАТА ГРУПА ПЕНЗИОНЕРИ ВО СРБИЈА - еве кому ќе му се наполнат паричниците, а исплати ќе има и утре

ДЕНЕСКА ИМ ЛЕГНУВААТ ПАРИ НА НАЈГОЛЕМАТА ГРУПА ПЕНЗИОНЕРИ ВО СРБИЈА - еве кому ќе му се наполнат паричниците, а исплати ќе има и утре

„ЌЕ МОЖАМ ЛИ ДА СИ ГО ПЛАТАМ СТАНОТ“, СТРАВОВИТЕ ОД ПОСКАПУВАЊЕ ГИ ПАРАЛИЗИРААТ ГЕРМАНЦИТЕ - но еве и што друго ги вознемирува

„ЌЕ МОЖАМ ЛИ ДА СИ ГО ПЛАТАМ СТАНОТ“, СТРАВОВИТЕ ОД ПОСКАПУВАЊЕ ГИ ПАРАЛИЗИРААТ ГЕРМАНЦИТЕ - но еве и што друго ги вознемирува

МОРА ДА ЈА ПЛАТИ КАЗНАТА КОЈА ДОСТИГНУВА 2,4 МИЛИЈАРДИ ЕВРА: Гугл го загуби спорот против ЕУ

МОРА ДА ЈА ПЛАТИ КАЗНАТА КОЈА ДОСТИГНУВА 2,4 МИЛИЈАРДИ ЕВРА: Гугл го загуби спорот против ЕУ

Започнува издавањето на гаранции, македонскиот бизнис ќе плаќа скапи царини за извоз ако ги нема

Започнува издавањето на гаранции, македонскиот бизнис ќе плаќа скапи царини за извоз ако ги нема

ОВОЈ ЈУГОСЛОВЕНСКИ ГИГАНТ НЕ СЕ ДАВА: Прогласи стечај, па продолжи да работи

ОВОЈ ЈУГОСЛОВЕНСКИ ГИГАНТ НЕ СЕ ДАВА: Прогласи стечај, па продолжи да работи

Партиски профил на ВМРО-ДПМНЕ стана директор на четвртиот најголем рудник во Македонија

Партиски профил на ВМРО-ДПМНЕ стана директор на четвртиот најголем рудник во Македонија