20 Декември, 2025
0.0694

Димитров го искритикува Вархеји пред да дојде во Скопје: Имав невидени расправии со него

Објавено во: Македонија 27 Април, 2022 08:58

Добивај вести на Viber

Поранешниот вицепремиер за евроинтеграции Никола Димитров синоќа во емисијата „Клик Плус“ на ТВ21 го искритикува еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји дека бил повеќе наклонет кон бугарските линии во спорот поради кои Македонија не може да ги започне преговорите со ЕУ. 

Вархеју изминатите денови беше во посета на Софија. Во рамките на неговата турнеја низ регионот која ги опфаќа и Хрватска, Бугарија и Албанија, денеска ќе престојува во Скопје.

- Имаме комесар кој што помалку да беше вклучен во прашањево, помалку да ни помагаше, веројатно полесно ќе го решевме (проблемот). Можеби ќе беше затворен за време на германското претседателство. Одмагаше затоа што ставаше паралелни предлози со Берлин, различни, кои што беа повеќе на линија кон бугарските позиции, а при тоа неговите предлози немаа поддршка од многу земји-членки. И од најважните и од најголемите. И на тој начин ги компромитираше предлозите на претседателството. Тоа се случи и со Германија, тоа се повтори и со Португалија.

Според мене, за жал, тој имаше една негативна улога за нас, што е неверојатен парадокс, бидејќи по дефиниција, комесарот за проширувањетреба да е нашиот најдобар пријател, рече поранешниот министер за надворешни работи.

Според Димитров, за Вархеји имало написи дека го разубавувал извештајот за Србија, а за македонско-бугарското прашање бил премногу свртен кон Софија. Вели дека Вархеји преговарал дел од билатералните прашања да влезат во преговарачката рамка за Македонија и тоа ги поттикнало расправиите.

- Наместо да се вклучи во функција да помогне, јас имав со него невидени расправии на сите елементи од прашањето, додаде тој.

Истакна дека пакетот Албанија – Македонија заедно да ги почнат преговорите со Европската Унија нема логика. Според него, ако една земја ги исполнува условите не може да ја врземе со друга земја.

 Посочи дека во моментов процесот на проширување на ЕУ е скршен.

- Реално нема конзензус во моментов за нови членки, вели Димитров.

Тој посочи дека со ваква дипломатија и цврст став околу спорот со соседна Бугарија, од таму ќе си кажат дека ние се ќе прифатиме.

- Мислам дека сигналите што ги даваме кон Бугарија е дека ветото им работи. И они си викаат ако ние сме доволно тврди и чекаме доволно долго – овие на крај се ќе ни прифатат, неведе Димитров.,

Вели дека во иднина нема да биде изненаден доколку Бугарија ги оспори резултатите од пописот. Според него, такви биле сигналите.

- Од искуството од последните две, три години, за разлика од искуството што го имаме со Грција, каде што секогаш знаевме кои се основните проблеми и барања на другата страна. „Бугарија е некаква подвижна цел, некогаш Стразбур е важен, некогаш македонскиот јазик, некогаш историјата... Во иднина нема да ме чуди, ќе бидат доведени во прашање и резултатите од пописот, рече Димитров.

Според него, дел од прашањата што ги отвора соседна Бугарија се нерешливи.

„Идентитетските на пример се апсолутно непристојни, не европски и нерешливи, порача Димитров.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки

ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа

ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки