05 Декември, 2025
0.0379

Димитров и Коѕијас во Виена - Ќе се прифати ли Македонски јазик и нација?

Објавено во: Анализа 29 Март, 2018 07:40

Добивај вести на Viber

Дел од умерените грчки медиуми како Катимерини на сосема коректен начин ги коментираат можностите за изнаоѓање на достоинствено решени за спорот за името кој во секој случај ќе значи прифаќање на болен и тежок компромис за македонската страна која под диктат и позиција на немоќ мора да прифати нешто со цел да напредува во своите евроатлантски интеграции.

Во главен фокус се изјавите на грчкиот министер за надворешни работи Никос Коѕија за прифаќање на одредени македонски идентитетски одредници, односно дека во соседната земја има македонска нација која говори на македонски јазик. Ова е доста важно пред средбата со македонскиот министер за надворешни работи во Виена каде заедно со медијаторот Метју Нимиц во рамките на Обединетите нации ќе продолжат разговорите. 

– Не е правилно да велиме дека сега ќе го дадеме името Македонија. Не одиме на крштевка. Детето постои и се вика Македонија, самите си се нарекуваат така барем еден век. И како Македонија постојат како дел од политички ентитет во разни облици пред 70 години, рече Коѕијас во последната изјава, споменувајќи го фактот дека во 1977 година македонскиот јазик, без Грција да реагира, бил признат од ОН.

Тој неодамна имаше официјална посета на Скопје со историско слетување на аеродромот кој повеќе не го носи името „Александар Македонски“. За жал посетата на Коѕијас беше засената од бројни написи во грчките медиуми кои вршеа огромен притисок за максимизирање на грчките преговарачки позиции, како на пример со тврдењата за споено име со географската одредница на словенски јазик без превод на англиски како и целосно негирање на македонските идентитетски одредници.

На ваквите силни пораки од Грција на одличен начин одговори македонскиот министер за надворешни Димитров кој посочи дека нашиот јужен сосед мора да прифати компромис во кој ќе се признае Македонскиот јазик и нација, како и да се постигне компромисно решение кое нема да биде понижувачко. 

Сега, се чини дека најголем спор меѓу двете преговарачки страни ќе бидат уставните промени кои ги бара Грција, односно со заложбите да се ставел крај на иредентизмот со македонските претензии кон грчката историја и национален идентитет во „македонизмот“, како и да се постават уставни гаранции дека договорот кој ќе се постигне ќе се почитува и нема да се менува од некоја идна политичка гарнитура, за што секако подетално ќе се преговара сега во Виена.

Х.С.


* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

КАМЕРИТЕ СЕ БОЈАТ, КРШАТ, КРАДАТ И ФРЛААТ ВО РЕКИ: Еве како поминале камерите на Сејф сити во земјите низ Европа и на Балканот

КАМЕРИТЕ СЕ БОЈАТ, КРШАТ, КРАДАТ И ФРЛААТ ВО РЕКИ: Еве како поминале камерите на Сејф сити во земјите низ Европа и на Балканот

СДСМ се „пере“ од Груевски – Се враќа ли опозицијата на „антирежимските“ корени

СДСМ се „пере“ од Груевски – Се враќа ли опозицијата на „антирежимските“ корени

Ако сакаш да не најдеш решение формирај комисија – Што ќе донесе анкетната расправа за Кочани?

Ако сакаш да не најдеш решение формирај комисија – Што ќе донесе анкетната расправа за Кочани?