Димитров: Идентитетот не може да го менуваме со договор
Објавено во: Македонија 14 Април, 2018 08:36
Министерот за надворешни Работи Никола Димитров, на сосема коректен и дипломатски начин ги искажа потенцијалните црвени линии на Македонија во поглед на идентитетските прашања и откри што досега било разговарано на средбите, пред се на тие во Виена и Охрид со неговиот грчки колега Коѕијас и колку навистина двете земји се блиски до договор за спорот за името со оглед на неодамнешните екстремни барања на Грција.
Димитров за 360 степени на Алсат М потврди дека за четирите клучни елементи во преговорите (новото сложено име, опфатот, именувањето на јазикот и на државјанство), се уште еден постои разлика.
– Можеби можам само имплицитно да одговорам дека во нашата цел да се постигне поголема дистинкција бидејќи тоа го бара Грција, во интерес на нашата иднина, отворање на вратите, инвестирање во ова пријателство со соседот, нас ни е важно да не го чепнеме идентитетот, бидејќи тоа не можеме да го менуваме со договор, ниту било која било политика сегашна, идна, мината, може тоа да го направи, и тука имаме сигнали од Виена, после тоа, сега, коишто одат во добар правец, меѓутоа многу е важно ова решение да биде одржливо, а за да биде одржливо тоа мора да биде достоинствено и се уште имаме разлика во елементот на опфатот. Мислам дека е важно кога се мерат чекорите и идниот договор, да се води сметка за сегашниот правен режим и договорот да се мери според реалноста, каква е сега, а не во однос на почетните преговарачки позиции, бидејќи почетните преговарачки позиции можат да бидат и многу далеку од реалноста. Затоа е многу важно да знаеме каква е ситуацијата сега, а сега ситуацијата со опфатот е многу јасна, ние меѓународно имаме на некој начин двојна формула. Референцата Поранешна југословенска република Македонија ја употребуваат една третина од земјите членки, во сите релевантни меѓународни организации сме главно со таа референца… и ова е точка од која треба да се мери финалниот резултат и суштината на договорот. Мислам дека во проекциите на тоа што сега се разговара, ако има политичка волја, може да се најде, можеби со степен на креативност, начин како да се допрат и нивните главни интереси, а да си ги зачуваме и нашите главни интереси. Тука е главниот предизвик, како тоа да се направи – рече Димитров.
Во однос на барањето за ерга омнес Димитров рече дека нашето име е Македонија, и тоа не може никој да го испреговара или да го менува.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки
ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа
(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување
Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки




