Димитров ќе ги убедува Грците дека и за нив е добро да бидеме дел од НАТО и ЕУ
Објавено во: Македонија 19 Април, 2018 15:28
Mинистерот за надворешни работи, Никола Димитров денеска изјави дека се фокусирани на тоа да ги убедат сите вклучително и Грција дека е добро Македонија да стане сојузник во ЕУ и НАТО.
Вели дека тоа ќе биде добро не само за Грција, туку и за целиот регион.
Министерот на завршната прес-конференција на Дигиталниот самит за Западен Балкан запрашан дали има план Б доколку не се најде решение за спорот за името поради грчките барања, тој изјави дека треба да бидат фокусирани на планот А.
Вели дека за да се зголемат шансите за успех треба да размислуваат и да бидат фокусирани на планот А.
Неговиот грчки колега, Никос Коѕијас по добиената позитивна препорака од Европската комисија за Република Македонија да ги започне преговорите за членство во ЕУ јасно кажа дека крајната одлука ја носи Европскиот совет, а не комисијата и дека таму Грција ги има поставено своите веќе познати позиции.Можеби ќе ве интересира
Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило
Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија
Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС
ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!
СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него
ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните
Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот
ФИЛИПЧЕ МУ ВОЗВРАЌА НА ШИЛЕГОВ? ВМРО-ДПМНЕ најдоа еден од нас послаб, ги искористија неговите приватни проблеми




