26 Ноември, 2024
0.0271

ДИМИТРОВ: Му должиме на нашиот народ заштита на достоинството, се свртуваме кон пријателските држави на Унијата

Објавено во: Македонија 20 Ноември, 2020

Добивај вести на Viber

Денот кога Бугарија стави вето за почеток на пристапните преговори на ЕУ со Северна Македонија не беше добар, ниту за Европа, ниту за европската перспектива на нашиот регион, а особено не за нас, рече вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров во интервју за виенскиот весник „Стандард“.

Тој потенцира дека бугарското вето испраќа многу лош сигнал за регионот на Западен Балкан дека ЕУ не го препозна она што досега го постигна земјава, која во последните три и пол години ги реши проблемите со соседите, направи големи чекори кон отворено, демократско и мултиетничко општество и спроведе реформи за изградба на правна држава.

Сепак, според Димиторв, сега сакаме да го спречиме очајот и национализмот и затоа и доколку не можеме да го одблокираме бугарското вето, се свртуваме кон пријателските држави од Унијата, за да можеме да ги постигнеме европските стандарди без процесот на пристапување кон ЕУ.

„Ако нашиот процес на пристапување се сведе толку многу на билатерален проблем што дискусиите за историјата ќе станат поважни од борбата против корупцијата, независноста на судството, функционирањето на демократските институции, слободата на медиумите, околината и енергијата, тогаш тоа не е процес кој европеизира, туку процес кој балканизира. Затоа нам ни е потребна реформска агенда со мрежа на пријатели кои се тука да ни помогнат и мораме да си поставиме јасни цели и да работиме на нив. Бидејќи не би требало да губиме време“, вели Димитров.

Вицепремиерот нагласува дека земјава не се откажува од разговари со Софија, но потенцира дека нема да преговараме за тоа кои сме и кој јазик го говориме.

„Тоа е дел од еден историски процес, а не политичка одлука. Ние му ја должиме на нашиот народ заштитата на своето достоинство и идентитет“, истакнува Димитров, додавајќи во Европа во 21 век не би требало да има простор за ваква расправа, бидејќи нашиот јазик е наша работа, а ставањето под знак прашалник на јазикот и идентитетот на соседот не е добрососедство, а во 2020 година не е ни пристојно.

Вицепремиерот за евроинтеграција потенцира дека тоа „кои сме ние – имено Македонци – и кој јазик го говориме – имено македонски“, е всушност внатрешно прашање и прашање на самоопределба.

„Тешко е да се разбере дека во член 3 од Договорот од Лисабон, ЕУ го признава почитувањето на културната и јазичната разноликост, а истовремено македонскиот јазик претставува пречка за почеток на пристапни преговори. Ова не е предизвик само за нас, туку и за Европската Унија како заедница на вредности. Овде, во региониот, ние имаме богата историја, но очигледно не успеваме да создадеме доволно иднина“, истакнува Димитров.

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

За бугарскиот премиер прашањето за уставните измени е веќе затворена работа

За бугарскиот премиер прашањето за уставните измени е веќе затворена работа

Николоски: Диви плажи функционираат во Струга, до кога ќе се толерира Мерко?

Николоски: Диви плажи функционираат во Струга, до кога ќе се толерира Мерко?

Просториите на Адвокатска комора насилно запалени, се бара брзо пронаоѓање на сторителот

Просториите на Адвокатска комора насилно запалени, се бара брзо пронаоѓање на сторителот

Финансиска полиција го истражува поранешниот министер за култура Исмаили

Финансиска полиција го истражува поранешниот министер за култура Исмаили

Тепачка во Итна медицинска помош Гевгелија

Тепачка во Итна медицинска помош Гевгелија

Вицепремиерот Фетаи: Државата лани замрзнала сомнителен имот од само 1,8 милиони евра

Вицепремиерот Фетаи: Државата лани замрзнала сомнителен имот од само 1,8 милиони евра

По контроверзните помилувања, Силјановска Давкова објави нов комисиски состав

По контроверзните помилувања, Силјановска Давкова објави нов комисиски состав

Утре ќе бидат претставени шестте еколошки автобуси на ЈСП, донација од ЕУ

Утре ќе бидат претставени шестте еколошки автобуси на ЈСП, донација од ЕУ

„ЗА 176 ПРОЦЕНТИ Е ЗГОЛЕМЕНО НАСИЛСТВОТО ВРЗ ЖЕНИТЕ“: Мојсоска најави - Левица ќе поднесе измена на Кривичниот законик

„ЗА 176 ПРОЦЕНТИ Е ЗГОЛЕМЕНО НАСИЛСТВОТО ВРЗ ЖЕНИТЕ“: Мојсоска најави - Левица ќе поднесе измена на Кривичниот законик