07 Октомври, 2024
0.0300

Димитров: Со предлог од кој нема да се срамиме можно е решение

Објавено во: Македонија 28 Март, 2018

Добивај вести на Viber

Министерот за надворешни работи Никола Димитров уште еднаш пред јавноста даде гаранции дека спорот за името со Грција единствено ќе биде решен доколку се дојде до доистоинствен предлог од кој нема да се срамиме, а во овој момент идејата за слеано име на пример GornaMakedonija не е воопшто таков вид на решение.

– Прашањето за мене е едно најболните прашања, бидејќи природата на проблемот е многу проблематична и е многу лесно на ова прашање да се удираме и да викаме. Меѓутоа, исто така, мислам дека сите знаеме дека надминувањето на овој проблем е важен за нашата држава. И ако најдеме достоинствен начин да го надминеме овој проблем, тоа ќе биде многу важно и за Македонците во Република Македонија и за Албанците и за сите други. Важно ќе биде и за иднината на РМ. Достоинствено решение за проблемот околу името е она од кое нема да се срамиме. Слеано име не е тоа – рече Димитров при гостувањето на Топ Тема на ТВ Телма.

Според него, суштината на компромисот доколку е можен е на два столба.

– Едниот столб е дека Македонците мора да бидат Македонци што го зборуваат македонскиот јазик, бидејќи стравот од конкретизирање со одредница на името Македонија ќе биде невозможно да се покрие. Тој страв мора да биде покриен соодветно за воопшто ние да можеме да се отвориме за географска одредница. И тоа што јавно го соопштивме за географска одредница е врзано, односно не е безусловено. Исто така, таа географска одредница не може да биде недостоинствена. Практично ова го нема во слеаното име – рече Димиторв.

Од Виена истакна дека нема очекувања, туку повеќе надеж.

– Се надевам дека ќе направиме напор да се придвижиме, да направиме исчекор. Процесот многу јавно го дебатираме и кога преговарачки позиции излегуваат во јавност стануваат национални позиции и тоа може лошо да влијае на преговорите – рече Димитрoв.

Можеби ќе ве интересира

МИЦКОСКИ МУ КАЖА НА АХМЕТИ ШТО ДА НАПРАВИ: Исчистете ги криминалците од партијата, ние сме тука да помогнеме

МИЦКОСКИ МУ КАЖА НА АХМЕТИ ШТО ДА НАПРАВИ: Исчистете ги криминалците од партијата, ние сме тука да помогнеме

„ВРАТЕНО БИЛО, ЗА ЖАЛ“: Таравари за случајот со починатото 14-месечно бебе на Детската клиника

„ВРАТЕНО БИЛО, ЗА ЖАЛ“: Таравари за случајот со починатото 14-месечно бебе на Детската клиника

Меџити: Почеток на крајот за Европскиот фронт по напуштањето на Тачи

Меџити: Почеток на крајот за Европскиот фронт по напуштањето на Тачи

КЕНИЈЦИТЕ СЕ ЗАКИТИЈА СО ЗЛАТО И СРЕБРО, НАШИОТ ИВАНОВСКИ ЗАСТАНА ДО НИВ: Заврши 20. Скопски Маратон

КЕНИЈЦИТЕ СЕ ЗАКИТИЈА СО ЗЛАТО И СРЕБРО, НАШИОТ ИВАНОВСКИ ЗАСТАНА ДО НИВ: Заврши 20. Скопски Маратон

МОЌНА ПОРАКА НА ПРАТЕНИЧКАТА ПЕТРУШЕВСКА ДО СИТЕ БОРКИ: На Скопскиот маратон трчаше во чест на жените кои се борат со ракот на дојка

МОЌНА ПОРАКА НА ПРАТЕНИЧКАТА ПЕТРУШЕВСКА ДО СИТЕ БОРКИ: На Скопскиот маратон трчаше во чест на жените кои се борат со ракот на дојка

БОЖИНОВСКА: „МАКЕДОНКА СУМ И СЕКОГАШ ЌЕ БИДАМ МАКЕДОНКА“, не дозволувам тоа да ми биде спорено

БОЖИНОВСКА: „МАКЕДОНКА СУМ И СЕКОГАШ ЌЕ БИДАМ МАКЕДОНКА“, не дозволувам тоа да ми биде спорено

Анѓушев на Машински Факултет: „Државата да одреди какви кадри и е потребно да се образоваат за да може да се развива“

Анѓушев на Машински Факултет: „Државата да одреди какви кадри и е потребно да се образоваат за да може да се развива“

НА ВИЗ ЕР СКОПСКИ МАРАТОН ДЕНЕСКА ТРЧААТ РЕКОРДНИ 13.400 ЛУЃЕ ОД 55 ЗЕМЈИ: Во Скопје посебен сообраќаен режим до 14 часот

НА ВИЗ ЕР СКОПСКИ МАРАТОН ДЕНЕСКА ТРЧААТ РЕКОРДНИ 13.400 ЛУЃЕ ОД 55 ЗЕМЈИ: Во Скопје посебен сообраќаен режим до 14 часот

ПРЕСТРЕЛКА ВО ЧАИР, МАЖ ИМА ЧЕТИРИ ПРОСТРЕЛНИ РАНИ: Пукано е од автомобил

ПРЕСТРЕЛКА ВО ЧАИР, МАЖ ИМА ЧЕТИРИ ПРОСТРЕЛНИ РАНИ: Пукано е од автомобил