Димитров: Tешко e да се постигне разбирање за Гоце Делчев
Објавено во: Македонија 11 Јуни, 2021
Нема напредок во преговорите меѓу македонските и бугарските историчари. Уште еден состанок на македонско – бугарската историска комисија заврши без успех. Ангел Димитров, шеф на бугарскиот тим во заедничката Мешовита комисија за историјата изрази разочарување по дводневната средба со македонските колеги од Мешовитата комисија, пренесе БГНЕС.
Тој рекол дека е тешко да се постигне разбирање за револуционерот Гоце Делчев, и додал дека летово Мешовитата комисија за историски прашања нема да има нов состанок, а следната средба ја најавил за октомври.
„Досега бев убеден дека, и покрај сериозните проблеми, и покрај темелните разлики што постојат меѓу нас и нашите колеги од Скопје, ние сме Мешовита комисија за историски и образовни прашања, но од денешниот 14-ти состанок, почнувам да се прашувам дали навистина е така. Вчера, нашите колеги категорично одбија да водат некој конкретен разговор на одредена историска тема, нешто што е неизбежно за професионалните историчари“, изјавил тој по средбата.
Од македонскиот тим во историската комисија најавија соопштение по денешниот состанок. Со Бугарија треба да се најде решение за да може Македонија да ги почне преговорите со ЕУ.Францускиот претседател Емануел Макрон порача дека Македонија заслужува да ги почне преговорите.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.