07 Октомври, 2024
0.0260

Димитров за прв пат се сретна со новиот шеф на грчката дипломатија, министерите на ЕУ ќе разговараат за Македонија

Објавено во: Македонија 30 Август, 2019

Добивај вести на Viber


Никола Димитров, министерот за надворешни работи, за прв пат се сретна со новиот шеф на грчката дипломатија Никос Дендиас на состанокот на министрите на земјите-членки на ЕУ во Хелсинки, откако беше избрана нова грчка влада.

Дендиас потврди дека на средбата што со Димитров се одржала на мнаргините од состанокот се разговарало за Преспанскиот договор.

-Со господинот Димитров ја имавме нашата прва средба на која разговаравме за аспектите на имплементацијата на Договорот од Преспа. Јасно му ставив на знаење на господинот Димитров дека Грција ќе инсистира на строго спроведување на договорот, истакна Дендиас.

„Прва средба со мојот нов грчки колега Никос Дендиас: зборувавме за имплементацијата на Договорот од Преспа“, тукушто објави и Димитров на својот профил на Фејсбук.

Неформалниот состанок на министрите за надворешни работи на земјите членки на ЕУ и „партнерите со Западен Балкан“ и Турција, организиран од  Федерика Могерини и финското претседателство со ЕУ, продолжува денеска во Хелсинки.

Министрите за надворешни работи на Европската унија на вториот ден од нивниот состанок во Хелсинки ќе разговараат за, како што јавува новинската агенција Ројтерс, поканата до Северна Македонија и Албанија еден ден да станат членки на Унијата. Притоа, како што се наведува, оваа одлука постојано се одложува поради внатрешните поделби во Европската унија.

Можеби ќе ве интересира

МИЦКОСКИ МУ КАЖА НА АХМЕТИ ШТО ДА НАПРАВИ: Исчистете ги криминалците од партијата, ние сме тука да помогнеме

МИЦКОСКИ МУ КАЖА НА АХМЕТИ ШТО ДА НАПРАВИ: Исчистете ги криминалците од партијата, ние сме тука да помогнеме

„ВРАТЕНО БИЛО, ЗА ЖАЛ“: Таравари за случајот со починатото 14-месечно бебе на Детската клиника

„ВРАТЕНО БИЛО, ЗА ЖАЛ“: Таравари за случајот со починатото 14-месечно бебе на Детската клиника

Меџити: Почеток на крајот за Европскиот фронт по напуштањето на Тачи

Меџити: Почеток на крајот за Европскиот фронт по напуштањето на Тачи

КЕНИЈЦИТЕ СЕ ЗАКИТИЈА СО ЗЛАТО И СРЕБРО, НАШИОТ ИВАНОВСКИ ЗАСТАНА ДО НИВ: Заврши 20. Скопски Маратон

КЕНИЈЦИТЕ СЕ ЗАКИТИЈА СО ЗЛАТО И СРЕБРО, НАШИОТ ИВАНОВСКИ ЗАСТАНА ДО НИВ: Заврши 20. Скопски Маратон

МОЌНА ПОРАКА НА ПРАТЕНИЧКАТА ПЕТРУШЕВСКА ДО СИТЕ БОРКИ: На Скопскиот маратон трчаше во чест на жените кои се борат со ракот на дојка

МОЌНА ПОРАКА НА ПРАТЕНИЧКАТА ПЕТРУШЕВСКА ДО СИТЕ БОРКИ: На Скопскиот маратон трчаше во чест на жените кои се борат со ракот на дојка

БОЖИНОВСКА: „МАКЕДОНКА СУМ И СЕКОГАШ ЌЕ БИДАМ МАКЕДОНКА“, не дозволувам тоа да ми биде спорено

БОЖИНОВСКА: „МАКЕДОНКА СУМ И СЕКОГАШ ЌЕ БИДАМ МАКЕДОНКА“, не дозволувам тоа да ми биде спорено

Анѓушев на Машински Факултет: „Државата да одреди какви кадри и е потребно да се образоваат за да може да се развива“

Анѓушев на Машински Факултет: „Државата да одреди какви кадри и е потребно да се образоваат за да може да се развива“

НА ВИЗ ЕР СКОПСКИ МАРАТОН ДЕНЕСКА ТРЧААТ РЕКОРДНИ 13.400 ЛУЃЕ ОД 55 ЗЕМЈИ: Во Скопје посебен сообраќаен режим до 14 часот

НА ВИЗ ЕР СКОПСКИ МАРАТОН ДЕНЕСКА ТРЧААТ РЕКОРДНИ 13.400 ЛУЃЕ ОД 55 ЗЕМЈИ: Во Скопје посебен сообраќаен режим до 14 часот

ПРЕСТРЕЛКА ВО ЧАИР, МАЖ ИМА ЧЕТИРИ ПРОСТРЕЛНИ РАНИ: Пукано е од автомобил

ПРЕСТРЕЛКА ВО ЧАИР, МАЖ ИМА ЧЕТИРИ ПРОСТРЕЛНИ РАНИ: Пукано е од автомобил