Димков по оставката: Не ме послушаа за некои началници
Објавено во: Македонија 02 Октомври, 2019
Пратеникот Трајчe Димков од ВМРО-ДПМНЕ денеска уште еднаш објаснуваше зошто даде оставка до премиерот Зоран Заев на местото член на Комисијата за селекција и избор на работници од Управата за безбедност и контраразузнавање во Агенцијата за национална безбедност.
Меѓудругото, Димков во своето објаснување изложува дека оставката ја поднел и затоа што не му биле прифатени некои сугестии да бидат примени на работно место некои „искусни началници“ во новоформираната Национална агенција за безбедност.
„Чувствував обврска дека треба да кажам, сведоци сме дека во Република Македонија безбедносниот систем се наруши подолго време, се утврди потребата дека треба да се направат реформи. Една од реформите покрај ОТА и другите реформи е и создавањето на Агенцијата за национална безбедност.
За жал морам да констатирам дека во делот на ова не се испочитувани неколку законски норми. Јас ги кажав тогаш, стојам на она што го кажав вчера, а тоа се тестот за интегритет, полиграфско тестирање, мислењето од Антикорупциска за кое јас препорачувам да видете како треба биде во однос на ова и понатамошното делување, меѓутоа во однос и на датумот на донесување на одлуката требаше да биде 20-ти, меѓутоа да бидам искрен беше еден тежок процес и многу краток период за да се реши целата работа.
Меѓутоа факт е дека не се заврши во тој дел и субјективноста иако е субјективно мое мислење она што успеав да го видам се плашам дека во делот на оценките имаше субјективност. Реагирав за време на процесот дека има одредени проблеми, сугерирав за одредени размислувања за лица кои што сметав дека можеби треба да влезат во АНБ, затоа што се со долго искуство, долг стаж, биле началници. Сугерирав луѓе ве молам бидејќи не ги знам началниците од другата страна, ве молам имајте ги во предвид тие луѓе се со големо искуство, да не се направи штета или некоја лична можеби не толку партиска, туку лична кавга и за тоа да бидат слабо оценети.
Имаше лица кои на некој начин беа школувани, имаа обуки и сертификати на високи рангирани служби за таа потреба и тука исто така укажував дека тие луѓе треба да се дадат.
Дадов поддршка на крајот на процесот, тогаш кога се заврши, се со цел овој процес бидејќи беше краен рок тоа беше 30 и 31 ноќта кога работевме, беше страшно тешко со цел да можат тие луѓе на некој начин да влезат во службата. Меѓутоа за волја на вистината, бев поставен во оваа институција со обврските кои што ги имам јас морам и под притисокот да ја информирам јавноста што се е на преговор.
Не навлегувам во личните квалификации за некоја личност ниту партиска, ниту било каква, сведоци сте за некои личности кои што се спомнуваа и влијанието нивно дали било или не било во целиот процес, меѓутоа ние мораме да кажеме дека дел од законските обврски не се испочитувани“, вели опозицискиот пратеник