Димковски ги презентираше предностите од Законот за земјоделско земјиште
Објавено во: Агробизнис 06 Август, 2019 14:12
Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Трајан Димковски,
денеска ги презентираше дел од предностите кои им следуваат на земјоделците со
измените и дополнувањата на Законот за земјоделско земјиште кои Собранието ги
изгласа минатата недела.
Со измените се овозможува изградба на објекти за промоција на земјоделските производи и објекти за спортско рекреативни активности, а за првпат одгледувачите на пчели добиваат можност да земат државно земјоделско земјиште, и тоа со намена за поставување на пчелни семејства. Младите земјоделци до 40 години се ослободуваат од плаќање закупнина во првите 3 години од склучување на договорот за закуп.
„Со овој пакет на измени донесовме многу развојни мерки, нови политики и решавање на проблеми во интерес на земјоделците. Се стимулираат младите во државата да се занимаваат со земјоделство, создаваме поволни услови за нивна поголема вклученост во земјоделството и за започнување сопствен бизнис во агро секторот. Овозможуваме правилна распределба на земјоделското земјиште и го враќаме на вистинските земјоделци“, истакна Димковски.
Со новиот Закон за земјоделско земјиште се овозможуваправилна распределба и еднаков третман на сите кои сакаат да закупат државно земјоделско. Имено, сега и земјоделците кои веќе имаат добиено површини до 3 ха ќе имаат право на учество на оглас и проширување на својот земјишен фонд до 10 хектари. За првпат се овозможува измена на бизнис планот, како и промена на земјоделската култура.* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина
Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?





