02 Декември, 2024
0.0288

Димковски и Бабовски: Локалниот пат кој ги поврзува Виниче и Страчинци постои 50 години, но сега за прв пат ќе се асфалтира

Објавено во: Агробизнис 31 Јануари, 2020

Добивај вести на Viber

Министерот за земјоделство, шумaрство и водостопанство, Трајан Димковски, заедно со директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Николче Бабовски и градоначалникот на општина Гази Баба, Борис Георгиевски, денеска ја посетија локациите кадешто оваа општина ги реализира  капиталните инвестиции преку мерките од Програмата за рурален развој.

Општина Гази Баба има аплицирано за три проекти преку мерките 321, 322 и 323 кои се наменети за капитални инвестиции за развој на руралните средини.  Сите три проекти се однесуваат на изградба и реконструкција на патишта:

-  Реконструкција и проширување на регионален пат од Бутел до Раштак, во должина од 5 км

-  Изградба на патна делница до 1 км од ООУ Наум Охридски до викенд населба во село Булачани

-  Изградба и реконструкција на локален пат во н.м Виниче до н.м. Страчинци

„Се гради интензивно и истовремено во повеќе општини. Денеска сме во село Виниче. Овде сведочиме на почетокот на градба на локалниот пат, со кој ќе се поврзат Виниче и Страчинци. Овој пат постои повеќе од 50 години, но сега за прв пат ќе асфалтира по стандардите за градба на патишта. Патот е долг  2 км и истиот е во вредност од 15 милиони денари, пари кои се обезбедени  со финансиска подршка од оваа влада. Очекуваме да биде завршен и пуштен во употреба за 10 месеци“ – изјави министерот Димковски

Виниче е едно од најубавите на Скопска Црна Гора и овде доаѓаат многу посетители особено во летниот период. Патот кој се асфалтира преку мерките од Програмата за рурален развој, ќе допринесе за поголема мобилност на жителите на соседните села а, ќе допринесе и за зголемување на бројот на посетители кои доаѓаат да се рекреираат и релаксираат, а особено е посетена црквата Св. Илија

„Општина Гази Баба до Агенцијата за финансиска поддршка и рурален развој има доставено три проекти и сите три се одобрени во вкупна вредност од 33.4 милиони денари финансиска помош односно тоа е грант кој во целост ќе ги покрие трошоците. Единствено општината треба да го плати ДДВ –то. Преку реализација на овие проекти навистина  се подобрува патната инфраструктура во општината и докажуваме дека имаме посебно внимание за малите населени места којшто се наоѓаат во руралната средина, а имаат ист рамномерен развој како сите други урбани средини во државата – изјави Бабовски

Градоначалникот Георгиевски изјави дека сите овие градежни активности се само потврда на мерките кои оваа Влада ги превзема за подобрување на условите за живот во руралните средини.

За трите мерки од Програмата за рурален развој пристигнаа над 200 барања со подготвени капитални проекти од сите 80 општини и 8 Плански региони, за чијашто реализација Владата на Република Северна Македонија одобри 38 милиони евра преку Програмата за рурален развој. Со сите планирани проекти за капитални инвестиции, значително ќе ги подобриме инфраструктурните услови во скоро сите рурални средини од 80 општини, на целата територија.

Секојдневно сме се поблиску до реализација на целта - достоинствен живот за сите.

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.