26 Декември, 2024
0.1835

Димковски: Поднесена пријава за проневерени 600.000 евра за набавка на софтвер

Објавено во: Македонија 04 Август, 2023

Добивај вести на Viber

Трајан Димковски, претседател на Комисија за земјодество, шумарство и водостопанство и поранешен министер за земјоделство денеска објави дека е поднесена пријава до Обвинителството за проневерени средства од ЕУ за набавка на софтвер.

„Станува збор за проект од 2015 година вреден 660.000 евра за софтвер во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. Во тој период министер во ресорното министерство е Михаил Цветков, а премиер на таа Влада преводена од ДПМНЕ е Никола Груевски. Во таа Влада советник за енергетика бил сегашниот шеф на ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. ДПМНЕ и поединци од таа партија, освен што краделе од граѓаните, правеле проневери и со пари од европски фондови“, обвини Димковски.

Тој рече дека пријавата е во контекст на Европската канцеларија за борба против измама (ОЛАФ) која констатирала неправилности и сега препорачува државата да ги врати парите.

„Актуелното раководство на Министерството за земјоделство до надлежното обвинителство достави конкретен предмет со конкретни правни дејства.

Апелираме Обвинителството за гонење организиран криминал да постапи по овој случај и низ законска, судска постапка да бидат санкционирани сите за кои ќе се докаже дека се виновни, а потоа и парите да бидат вратени.

Овој случај на криминал освен што го има оштетено државниот Буџет, фрла дамка и врз репутацијата на нашата држава, која последниве години е лидер во регионот во искористеност на средствата од ИПАРД Програмите“, дополни Димковски.


Можеби ќе ве интересира

АЛБАНИЈА ПОТВРДИ: Артан Груби нема албанско државјанство

АЛБАНИЈА ПОТВРДИ: Артан Груби нема албанско државјанство

OJO: Поведена постапка за злоупотреба при јавни набавки во „Државна лотарија“

OJO: Поведена постапка за злоупотреба при јавни набавки во „Државна лотарија“

МИЦКОСКИ ТВРДИ ДЕКА СЛУЖБИТЕ ГО СЛЕДЕЛЕ НЕГО И НЕГОВОТО СЕМЕЈСТВО: Објасни која е причината

МИЦКОСКИ ТВРДИ ДЕКА СЛУЖБИТЕ ГО СЛЕДЕЛЕ НЕГО И НЕГОВОТО СЕМЕЈСТВО: Објасни која е причината

ФИНАНСИСКА ПОЛИЦИЈА УАПСИ ЛИЦЕ ПОВРЗАНО СО „ДРЖАВНА ЛОТАРИЈА“ - се проширува случајот

ФИНАНСИСКА ПОЛИЦИЈА УАПСИ ЛИЦЕ ПОВРЗАНО СО „ДРЖАВНА ЛОТАРИЈА“ - се проширува случајот

КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ПОРАНЕШЕН НАЧАЛНИК НА ОДДЕЛЕНИЕТО ЗА ОБЕЗБЕДУВАЊЕ ВО ВЛАДАТА - овозможил на колега кој не исплнил услови да добие бонус од 600 евра

КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ПОРАНЕШЕН НАЧАЛНИК НА ОДДЕЛЕНИЕТО ЗА ОБЕЗБЕДУВАЊЕ ВО ВЛАДАТА - овозможил на колега кој не исплнил услови да добие бонус од 600 евра

Тошковски: Граничниот полицаец бил импресиониран од политичката големина на Груби и од луксузното возило

Тошковски: Граничниот полицаец бил импресиониран од политичката големина на Груби и од луксузното возило

ЗА УСТАВНИТЕ ИЗМЕНИ СЕ ОГЛАСИ ГАШИ: Треба да има политичка волја и политички договор

ЗА УСТАВНИТЕ ИЗМЕНИ СЕ ОГЛАСИ ГАШИ: Треба да има политичка волја и политички договор

Вива со новогодишна донација внесе празнична атмосфера во детските болници

Вива со новогодишна донација внесе празнична атмосфера во детските болници

СЛУЧАИТЕ РАСТАТ, НО АКТИВНОСТА ОСТАНУВА НИСКА: Состојба со грипот во Македонија

СЛУЧАИТЕ РАСТАТ, НО АКТИВНОСТА ОСТАНУВА НИСКА: Состојба со грипот во Македонија