02 Декември, 2024
0.0273

Димковски: Со конкретни мерки ги поддржуваме малите производители на традиционални земјоделски производи

Објавено во: Агробизнис 18 Октомври, 2019

Добивај вести на Viber

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Трајан Димковски, денеска присуствуваше на отворањето на прв „Слоуфуд салон“, под мотото „Храната е движење“, на којшто повеќе производители на традиционална храна ги презентираа своите производи.

Министерот Димковски во своето обраќање порача дека во целиот синџир на производство на храна, важна улога имаат малите производители коишто произведуваат висококвалитетни производи и имаат позитивен импакт врз локалната економија.

„Токму овие производители се и нашите промотори на традиционалната и органска македонска храна. Во насока на поддршка на малите производители, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, во изминатиот две-ипол годишен период, работи на мерки и политики за поттикнување на овие производители. Со измените на Законот за вино, е предвидено олеснување на  условите за производство во малите семејни винарии, што ќе придонесе за развој на ваквиот тип на мали винарии, и секако за поголеми приходи. Мерките од ИПАРД 2 програмата овозможуваат кофинансирање на трошоците за изградба на преработувачки капацитети, набавка на опрема и други инвестиции, кои овозможуваат модернизирање и зголемување на производството, како и добивање на финални производи со поголема додадена вредност“, изјави министерот Димковски.

Во делот на органското производство поддршката преку дирекните плаќања кај органските производители е од 50-100% поголема од поддршката кај конвенционалните земјоделски производители. Димковски потенцираше дека следејќи го примерот на Европската унија, со цел да се заштитат овие производи, како од нивно исчезнување така и од нивна имитација, од неодамна e воспоставeна законска рамка содржана во Законот за квалитетот на земјоделските производи. Со тоа, производите со географски или традиционален карактер можат да се заштитат со „Заштитена ознака за потекло‘‘, „Заштитена географска ознака‘‘ и „Гарантиран традиционален специјалитет“. Засега е  заштитен еден производ, но преку мерката Поддршка за маркетинг и промоција на земјоделски производи од Програмата за рурален развој, се обезбедени финансиски средства за заштита на уште пет традиционални производи, кои до крајот на годинава ќе добијат заштитена ознака.

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.